Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига Европа
Првиот натпревар од италијанско-англискиот двомеч е на „Сан Паоло“ на 11 април, реваншот е седум дена подоцна на „Емирати“ во Лондон
„Сините“ за 3:0 го совладаа Динамо Киев, наполитанците со идентичен резултат беа подобри од Салцбург
„Модрите“ на „Максимир“ ја совладаа Бенфика со 1:0 со голот на Бруно Петковиќ од пенал во 38. минута, Рен, пак, ги совлада „топчиите“ со 3:1 во првите осминафинални дуели. Реваншите се закажани на 14 март
Воведните 90 минути од хрватско-португалскиот ќе се одиграат на „Максимир“ на 7 март, реваншот е седум дена подоцна во Лисабон
„Модрите“ на „Максимир“ го совладаа чешкиот претставник со 3:0 и на тој начин ја анулираа негативата од првиот меч за осминафинале
Со двата гола на чешкиот фудбалер, екипата на Викторија ги совлада „модрите“ со Аријан Адеми со 2:1 во првиот шеснаесетфинален меч во ЛЕ, тимот од Лисабон, пак, загуби на домашен терен од Вилјареал со 0:1. Реваншите се закажани за 21 февруари
Олимпијакос ги совлада „росонерите“ во Пиреја со 3:1 и ги исфрли од меѓународната сцена, Рапид, пак, во Виена ги порази „ренџерси“ на Стивен Џерард кои, исто така, на пролет ќе бидат фоклусирани само на настапи во шкотската Премиерлига
„Сините“ на „Стемфорд Бриџ“ го совладаа ПАОК со 4:0 со два гола на Ширу и по еден на Хадсон Одои и Мората, крилниот напаѓач на македонската репрезентација погоди во триумфот над Цирих со 2:1 за прва радост на кипарскиот претставник во групната фаза
Седум клуба обезбедија осминафинале по мечевите од четвртото коло во фудбалската Лига на Европа. Два се англиски (Челзи и Арсенал),…
„Модрите“ ја забележаа и третата победа во третиот меч во групната фаза во Лига Европа, овојпат над Спартак во Трнава со 2:1, и за првпат по 1970 година ќе презимат во УЕФА натпреварување. Триумф на гости славеше и Бобан Николов со Види МОЛ над ПАОК (2:0). АЕК Ларнака на Иван Тричковски и Фенербахче со Елмас ремизираа со Лудогорец, односнно, Андерлехт додека Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски загуби од Арсенал со 0:1
Динамо Загреб славеше кај Андерлехт со 2:0 како и Фенербахче на домашен терен против Спартак Трнава. Челзи го совлада Види МОЛ на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, Баер Леверкузен подобар од АЕК Ларнака со 4:2. Единствен од македонските репрезентативци што остана без минутажа во денешните клупски настапи во Лига Европа беше Стефан Ристовски чиј Спортинг Лисабон триумфира над украинска Ворскла во Полтава со 2:1
Розенборг славеше со 2:0 и на арената „Филип Втори“ со головите на Ховланд во 67. минута и на Региниусен во 84. минута, откако Бесарт Ибраими во 20. минута и Изаир Емини во 49. минута не успеаја да го совладаат гостинскиот голман