Browsing: Лига Европа

Калчолигашот имаше водство од два гола што претставникот на БиХ успеа да го анулира во само пет минути во второто полувреме (67’ и 72’) за големи 2:2 пред реваншот на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“. Македонскиот интернационалец, кој е капитен на „бордо“ тимот“ ги одигра сите 90 минути на гостувањето во Реџо Емилија

Чаирчани, и покрај нерешените 0:0, се елиминирани во првото квалификациско коло со оглед на триумфот на шкотскиот великан во првиот меч со 2:0. Хонвед, пак, убедливо ги порази дебармаалци со 4:0 и ги истера од Европа по само 180 одиграни минути

Чаирчани се домаќини во првата средба од воведното квалификацискко коло во кое ќе настапат уште два македонски претставника. Вардар ќе игра со Пјуник од Ереван, Работнички го доби Хонвед

„Росонерите“ ја декласираа Фиорентина со 5:1 во натпревар од последното коло за оваа сезона и го потврдија шестото место на табелата што гарантира директно учество во групната фаза во Лига Европа за сезоната 2018/19.

Популарните „јорганџии“ во 13. европско финале во клупската историја го совладаа Олимпик Марсеј со 3:0. Два гола за тимот на Диего Симеоне постигна Антоан Гризман (21. минута и 49. минута), третиот за потврда на победата на „Стад де Лион“ беше дело на Габи во 89. минута

Тимот од Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 за трето европско финале во последната декада што го дофати и францускиот прволигаш од Марсеј со гол во 116 минута против Салцбург. Австрискиот бундеслигаш го доби основниот дел со 2:0, резултат со кој и Олимпик славеше како домаќин

Почнувајќи од наредната сезона, тренерите ќе имаат право да направат и четврта замена, но само во случај на продолженија, а финалистите ќе може да имаат до 12 резервни играчи што, на пример, е случај во Италија, пресметките во ЛШ и во ЛЕ од септември ќе почнуваат во 18,55 часот и во 21 часот, а клубовите во зимскиот преоден рок ќе добијат дозвола за промена до тројца фудбалери без никакви рестрикции