Крај на европските излети: Шкупи, Академија П. и Македонија Ѓ.П. елиминирани во ЛЕ

Чаирчани загубија од Пјуник на домашен терен со 1:2, Зрињски и во реваншот во Мостар ги порази „пандевци“ со 3:0, Алашкерт, пак, подобар и во Скопје од ѓорчепетровци со 3:1. Македонскиот фудбал, сепак, ќе има репрезент во второто квалификациско коло за Лига Европа во Шкендија. Тетовци, по елиминацијата од Номе Калју во Лигата на шампионите, се приклучуваат од второто коло во второто по ранг клупско натпреварување на УЕФА и во вторник се домаќини на Диделанж од Луксембург

Квалификации за ЛЕ: Убедлив пораз на Академија П., активен на Македонија Ѓ.П.

Зрињски славеше со 3:0 на арената „Тоше Проески“ за потврда на фаворитската улога во двомечот со пандевци, Алашкерт,, пак, со 3:1 ги совлада ѓорчепетровци чии, какви-такви, надежи за второ коло задржа Ален Јашароски со голот во 52. минута. Шкупи претходно во Ереван одигра 3:3 со Пјуник

Голеада без победник во Ереван: Шкупи и Пјуник одиграа 3:3

Двоен стрелец за чаирчани беше капитенот Муарем Бајрами во 26. минута и во 60. минута, третиот гол, втор во меч го постигна Дарко Илиески во 43. минута. Ерменците во последните десетина минути успеаја до два гола за реми пред реваншот во Скопје што е закажан за наредниот четврток од 20.30 часот

Финале во ЛЕ: Славата за Челзи, тагата за Арсенал (Видео)

„Сините“ ја добија лондонската пресметка со 4:1 и по вторпат го подигнаа трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА по 2013 година кога во Амстердам ја поразија Бенфика. Сите пет гола на Олимпискиот стадион во Баку беа постигнати во второто полувреме. Двапати погоди Азар и по еднаш Жиру и Педро, поразот на „топчиите“ го ублажи Ивоби. Во сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Ливерпул и Тотенхем за трофејот во Лигата на шампиони

Финале во ЛЕ: Судирот на Челзи и Арсенал во сенка на духот на Мкитарјан

Дури ниту ироничната понуда за придружба со воен авион не можеше да влијае на Ерменецот да отпатува во Азербејџан и да заигра за „топчиите“ против „сините“ во вечерашниот меч за титула во Баку што почнува во 21 часот

Англиска фудбалска рапсодија: Челзи и Арсенал за титулата во Лига Европа

„Сините“ по подобро изведување на пенали го елиминираа Ајнтрахт Ф. со 4:3 по нерешените 1:1 во основниот дел во Лондон како што заврши и дуелот во Франкфурт додека Арсенал и на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 4:2

Лига Европа: Ајнтрахт Ф. преку Бенфика до полуфинале, голеада на „Стемфорд Бриџ“

По поразот во Лисабон со 2:4, бундеслигашот славеше на домашен терен со 2:0 и се придружи на Челзи, на Валенсија и на Арсенал во големата четворка. Филип Костиќ во 37. минута и Себастијан Роде во 67. минута беа стрелци за тимот од Франкфурт кој во полуфиналето го очекува двомеч со Челзи