Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛЕ: Победи на Адеми, Елмас, пораз на Николов, Тричковски стрелец

0
By Нова ТВ on October 5, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 5, 2018 00:23

Тројца македонски фудбалски репрезентативци славеа победи, двајца се поразени во денешните втори настапи со своите екипи во УЕФА Европа лигата. Четворица од нив беа стартери, еден постигна и гол, а еден остана без минутажа. Но, одиме по ред.

Челзи го совлада Види МОЛ на Бибан Николов со 1:0. Стрелец на победничкиот гол за „сините“ на „Стемфорд бриџ“ беше Алваро Мората во 70. минута по асистенција на Вилијан. Македонскиот интернационалец беше стартер кај унгарскиот претставник и го одигра сите 90 минути на Островот.

Баер во Леверкузен славеше над АЕК Ларнака со 4:2. Иван Тричковски го отвори резултатот на „Бај арена“ на што бундеслигашот одговори со три погодоци во основниот дел од средбата пред размената по гол на обете страни во судиското екстра време. Офанзивниот крилен репрезентативец на Македонија го почна мечот од првата минута и на тревникот остана до последната.

Аријан Адеми и Динамо Загреб победнички се враќаат дома од гостувањето во Белгија. Хрватскиот првак освои три бода на стадионот „Констан Ванден Сток“ во Брисел по триумфот над Андерлехт со 2:0. Македонскиот репрезентативец и капитен на „модрите“ одигра цел меч и, стандардно, беше меѓу најдобрите во својата екипа.

Со идентичен резултат како Динамо Загреб, но како домаќин победи и Фенербахче против Спартак Трнава. Елиф Елмас се најде во почетниот тим на турскиот состав и, исто така, беше меѓу најзабележителните на тревникот на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул.

Единствен македонски репрезентативец што остана на клупа беше Стефан Ристовски. Офанзивниот бек на Македонија почна и заврши како резерва во гостинската победа на Спортинг Лисабон против украинска Ворскла во Полтава со 2:1.

Лига Европа

Резултати, 2 коло

Група А: Баер Леверкузен – АЕК Ларнака 4:2, Цирих – Лудогорец 1:0

Група Б: Розенборг – Лајпциг 1:3, Салцбург – Селтик 3:1

Група Ц: Бордо – Копенхаген 1:2, Зенит – Славија Прага 1:0

Група Д: Фенербахче – Спартак Трнава 2:0, Андерлехт – Динамо Загреб 0:2

Група Е: Ворскла – Спортинг Лисабон 1:2, Карабаг – Арсенал 0:3

Група Ф: Милан – Олимпијакос 3:1, Бетис – Дуделанж 3:0

Група Г: Спартак Москва – Вилјареал 3:3, Глазгов Ренџерс – Рапид Виена 3:1

Група Х: Аполон – Олимпик Марсеј 2:2, Ајнтрахт Франкфурт – Лацио 4:1

Група И: Малме – Бешикташ 2:0, Сарпсборг – Генк 3:1

Група Ј: Краснодар – Севилја 2:1, Стандард Лиеж – Ахисар 2:1

Група К: Јаблонец – Динамо Киев 2:2, Астана – Рен 2:0

Група Л: Челзи – Види Мол 1:0, БАТЕ Борисов – ПАОК 1:4

Аријан Адеми Бобан Николов Елиф Елмас Иван Тричковски Лига Европа Стефан Ристовски фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.