Browsing: Лига на шампиони

Српскиот првак го елиминира Јанг Бојс (1:1 и 2:2) и по вторпат во низа ќе биде дел од групната фаза, хрватскиот шампион, пак, беше подобар во двомечот со Розенборг (2:0 и 1:1). Во групната фаза ќе игра и Олимпијакос по двете победи (4:0 и 2:1) над Краснодар

Останатите три меча од плејоф фазата за ЛШ се играат во среда (21 август). Динамо во Загреб го дочекува Розенборг, Црвена звезда ќе гостува во Швајцарија на екипата на Јанг Бојс, а Олимпијакос во Пиреја ќе биде домаќин на Краснодар

Белграѓани по дури 22 изведени пенала на „Паркен арена“ го елиминираа данскиот првак (прв меч 1:1, реванш 1:1 – 7:6) и во плејофот ќе играат со Јанг Бојс, хрватскиот првак, пак, со 4:0 го декласира Ференцварош во Будимпешта. Аријан Адеми стрелец и асистент за „модрите“ кои ги очекува двомеч со Розенборг

Австрискиот претставник неочекувано славеше во Швајцарија со 2:1 во првиот меч од третото коло и во голема мера ги подгреа надежите дека пласман во плејофот не е невозможна мисија

Вкупниот буџет на УЕФА за новата сезона изнесува 3,25 милијарди евра од кои 2,4 милијарди се планирани за ЛШ. Износите се транспарентно објавени од централата на Европската фудбалска асоцијација. Вкупната финансиска конструкција за Лига Европа е 510 милиони евра, за Суперкупот и организациски трошоци се проектирани 295 милиони евра, а во т.н. „солидарен фонд“ ќе бидат насочени 227,5 милиони евра или 7 отсто

Во реванш мечот од првото квалификациско коло за ЛШ, тетовци влегоа со 1:0 од Талин, но загубија на арената „Тоше Проески“ од естонскиот првак со 1:2 со гол во 90 минута за болен пораз, елиминација и наместо двомеч со славниот шкотски Селтик се селат во Лига Европа на мегдан со Диделанж од Луксембург во второто коло

Белградските „црвено-бели“ одиграа 0:0 на гостувањето во Литванија додека, пак, претставникот на БиХ чиј капитен е Крсте Велкоски загуби пред своја публика од шкотскиот гигант со 1:3

Тетовци го совладаа естонски Номе Калју со 1:0, стрелец на единствениот погодок на стадионот „Кардиору“ беше Агим Ибраими во 81. минута. Севкупниот победник од двомечот во второто коло ќе игра со подобриот од дуелите меѓу Сараево и Селтик. А, по исходот во Естонија попладнево, многу поблиску до пресметки со славниот шкотски клуб е македонскиот фудбалски шампион