Динамо Загреб го продолжува по квалификациската рута за Лигата на шампиони (ЛШ), Сутјеска, пак, ќе продолжи да атакува на групна фаза меѓутоа во Лига Европа (ЛЕ).

Хрватскиот шампион демонстрира класа и во реваншот со Сабуртало. На „Максимир“ славеше со 3:0 или со вкупни 5:0 го мина грузискиот претставник во второто коло за ЛШ. Мислав Орсиќ во 78. минута, Бруно Петковиќ во 88. минута и Дани Олмо во четврта минута од судиското екстра време погодија за „модрите“ кои во наредното коло ги очекува двомеч со унгарски Ференцварош. Аријан Адеми го одигра сите 90 минути за Динамо Загреб.

Црногорскиот првак, сепак, не успеа до сензација на Кипар. По минималниот триумф (1:0) во Црна Гора, АПОЕЛ славеше и во реваншот со 3:0 и за пласман во плејофот ќе игра со подобриот од пресметките меѓу Дандалк од Р. Ирска и Карабаг од Азербејџан. Сутјеска се сели во квалификациите за ЛЕ каде во третото коло ќе игра со победникот од мечевите меѓу северноирски Линфилд и Б36 Торшавн од Фарски Острови кога ќе дебитира Милован Петровиќ кој пред неколку дена направи трансфер во екипата од Никшиќ од Работнички.

Квалификации за Лига на шампиони, 2 коло, реванш мечеви

Динамо Загреб – Сабуртало 3:0 (2:0)

АПОЕЛ – Сутјеска 3:0 (1:0)

Олимпијакос – Викторија Плзен 4:0 (0:0)

Валета – Ференцварош 1:1 (1:3)

Базел – ПСВ Ајндховен 2:1 (2:3)

Макаби Тел Авив – Клуж 1:1 (0:1)

Номе Калју – Селтик 0:2 (0:5)

Во заграда се резултати од првите средби

Квалификации за Лига Европа, 2 коло, реванш мечеви

Диделанж – Шкендија 1:1 (2:1)

Фероникели – Слован Братислава 0:2 (1:2)

Линколн – Арарат 1:2 (0:2)

Судува – Тре Пене 5:0 (5:0)

Во заграда се резултати од првите средби