Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сами се елиминираа: Номе Калју со гол во 90. минута ја прати Шкендија во Лига Европа

0
By Нова ТВ on July 17, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 17, 2019 01:53

Фудбалерите на Шкендија си беа поголем противник сами на себе отколку Номе Калју. Во реванш мечот од првото квалификациско коло за Лигата на шампиони влегоа со 1:0 од Талин, но загубија на арената „Тоше Проески“ од естонскиот првак со 1:2 со гол во 90 минута за болен пораз, елиминација и наместо двомеч со славниот шкотски Селтик се селат во Лига Европа на мегдан со Диделанж од Луксембург во второто коло. Оттука и заслужените свирежи што „црвено-црните“ ги добија од гледачите на северната трибина и заслужениот аплауз за гостите.

Тетовци одиграа бледо прво полувреме. Во второто нагазија на топка, но само до пеналот за израмнување на Агим Ибраими. И, пак, потонаа во сопствената самобендисаност. Имаа шанси, за волја на вистината, неколку пати ги тресеа рамките од противничкиот гол меѓутоа далеку беа од препознатливата игра на која сме навикнале да ги гледаме барем во почетните квалификациски рунди за УЕФА натпреварувањата. А, предвреме извадените британски визи за гостување во Глазгов им остануваат за спомен и горко сеќавање на балтичката бламажа.

Тренерот Ќатип Османи на прес-конференција по елиминацијата презеде одговорност за резултатското фијаско. Како проблем ја посочи реализацијата, бледилото, недоволната агресивност, невниманието по прекини што биле забележани како едно од најсилните оружја на Номе Калју.

„Имаме проблем со реализацијата. Укажав на тоа и по првиот меч. Бевме бледи во првиот дел, подобро го почнавме вториот, а, сепак, недоволно за победа. Отсуствуваше агресивност во нашата игра, доцневме во додавањата. Од анализите заклучивме дека може да бидат опасни по прекини, за жал не затворивме најдобро при двата примени гола. Разочарување, секако, е присутно. Одговорноста е моја. Не бегам од неа. Но, мора да се врати атмосферата во екипата бидејќи нè чека двомеч во Лига Европа“, истакна Османи.

Противникот за наредниот европски двомеч не е нималку наивен иако доаѓа од уште понефудбалска земја од Естонија. Се вика Диделанж и лани беше сензационален учесник во групната фаза во Лига Европа и доколку не биде променет пристапот, Шкендија ќе нагази на уште една мина по која ќе нема поправен за ова лето.

Лига на шампиони

1 коло, реванш мечеви

Шкендија (С. Македонија) – Номе Кајлу (Естонија) 1:2 (прв меч 1:0)

Сабуртало Тбилиси (Грузија) – Шериф Тираспол (Молдавија) 1:3 (3:0)

Б36 Торшавн (Фарски Острови) – Хелсинки (Финска) 2:2 (0:3)

Валета (Малта) – Диделанж (Луксембург) 1:1 (2:2)

Црвена звезда (Србија) – Судува (Литванија) 2:1 (0:0)

Фероникели (Косово) – ТНС (Велс) 0:1 (2:2)

Среда

Рига (Летонија) – Дандалк (Р. Ирска) (прв меч 0:0)

АИК Стокхолм (Шведска) – Арарат (Ерменија) (1:2)

Карабаг (Азербејџан) – Партизани (Албанија) (0:0)

Розенборг (Норвешка) – Линфилд (С. Ирска) (2:0)

Лудогорец (Бугарија) – Ференцварош (Унгарија) (1:2)

Клуж (Романија) – Астана (Казахстан) (0:1)

Пјаст Гливице (Полска) – БАТЕ Борисов (Белорусија) (1:1)

Марибор (Словенија) – Валур (Исланд) (3:0)

Сутјеска (Црна Гора) – Слован Братислава (Словачка) (1:1)

Селтик (Шкотска) – Сараево (БиХ) (3:1)

квалификации Лига на шампиони Номе Калју фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.