Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за ЛШ: Марибор во 117. минута го исфрли АИК, Ц. Звезда го мина Хелсинки

0
By Нова ТВ on July 31, 2019 СПОРТ
Фото: twitter.com/nkmaribor
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2019 23:21

Марибор и Црвена звезда се придружија на Динамо Загреб во третото коло квалификации за Лигата на шампиони на УЕФА.

Словенечкиот првак по продолженија го исфрли АИК Стокхолм за двомеч со Розенборг во наредната рунда. Шведскиот претставник возврати со идентичен резултат (2:1) за поразот во првата средба на стадионот „Људски врт“, а на стартот на продолженијата имаше и 3:1 со голот на Тарик Елјунуси во 93. минута.

Но, патникот во третото коло го реши Романецот Александру Крету кој намали на 3:2 во 117. минута, па Марибор поради повеќе постигнати голови во гости, опстана во квалификациите за ЛШ. Пер Карлсон во 4. минута и Себастијан Ларсон во 61. минута реализираа за Швеѓаните во основниот дел од мечот, во меѓувреме и Андреј Котник погоди во 48. минута за Словенците.

Хелсинки во реваншот ја совлада Црвена звезда со 2:1, но ривал на данскиот шампион Копенхаген ќе бидат белградските „црвено-бели“ благодарение на триумфот на стадионот „Рајко Митиќ“ со 2:0. Себастијан Далстром во 46. минута и Рику Риски во втората минута од екстра времето ја дигнаа на нозе „Телиа арена“ во финската престолнина додека голот на српскиот првак беше дело на Душан Јованчиќ во 56. минута.

Квалификации за Лига на шампиони, 2 коло, реванш мечеви

АИК Стокхолм – Марибор 3:2 по продолженија (1:2)

Хелсинки – Црвена звезда 2:1 (0:2)

Копенхаген – ТНС 1:0 (2:0)

Розенборг – БАТЕ Борисов 2:0 (1:2)

Карабаг – Дандалк 3:0 (1:1)

Двојки за 3 коло

Марибор – Розенборг

Динамо Загреб – Ференцварош

Црвена звезда – Копенхаген

Башакшехир – Олимпијакос

ПАОК – Ајакс

Клуж – Селтик

АПОЕЛ – Карабаг

Краснодар – Порто

Бриж – Динамо Киев

Базел – ЛАСК Линц

квалификации Лига на шампиони Марибор фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.