Browsing: Лига на шампиони

Покрај унгарскиот и францускиот состав, ривали на „црвено-црните“ во групата Б ќе бидат и Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Порто и Кил. Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник, како единствен дебитант, ќе игра во групата Ц со шведски Савехоф, Татран Прешов од Словачка, фински Кокс, Ирун Бидасоа од Шпанија и Спортинг Лисабон

Хрватот открива дека „црвено-црните“ го повторија успехот во ракометната Лига на шампиони од 2017 година без 21 плата. Играчите и натаму имаат побарувања од клупското раководство кое го ветило 1 септември како рок за исплата на финансиските обврски

Првиот меч е во Талин на 9/10 јули, реваншот е седум дена подоцна (16/17 јули) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Сараево ќе игра со Селтик (Шкотска), Сутјеска со Слован Братислава (Словачка), Црвена звезда со Судува (Литванија), а Марибор со Линфилд (Северна Ирска)

Во финалето на годинашното издание на Фајналфор турнирот во Келн, македонскиот првак го совлада унгарски Веспрем со 27:24 (полувреме 16:11). „Црвено-црните“ во полуфиналето беа подобри и од Барселона со 29:27. За најкорисен играч на завршниот турнир во „Ланксес арена“ е прогласен Игор Карачиќ. Во мечот за третото место, Каталонците славеа против Кјелце со 40:35

„Црвено-црните“ по вторпат ги „исчистија“ Каталонците во полуфиналните пресметки во Келн. По триумфот во 2017 година со 26:25, вардарци попладнево повторно го елиминираа шпанскиот гигант со 29:27 и ќе играат против Веспрем во утрешното финале за титула во Лигата на шампиони (18 ч.)

Во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се пресметаат Ливерпул и Тотенхем во финалето на Лигата на шампиони. Мечот ќе почне со минута молчење во чест на Хозе Антонио Рејес кој загина во сообраќајна несреќа претпладнево крај Севилја

Унгарскиот состав, чиј член е Дејан Манасков, во полуфиналето го совлада Кјелце со 33:30 (полувреме 13:13). Македонскиот репрезентативец остана без минутажа во дуелот за финале што се надеваме дека нема да биде така и во утрешниот меч за титула во „Ланксес арена“. Од 18 часот во „Ланксес арена“ ќе играат Вардар и Барселона во второто полуфинале