Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ меѓу Лондон и Градот на Битлси: Ливерпул по шести трофеј, Тотенхем за историја

0
By Нова ТВ on June 1, 2019 СПОРТ
Фото: sport.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 1, 2019 18:52

Европа вечерва го добива новиот фудбалски владетел на клупски план. Во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се пресметаат Ливерпул и Тотенхем во финалето на Лигата на шампиони. Мечот ќе почне со минута молчење во чест на Хозе Антонио Рејес кој загина во сообраќајна несреќа претпладнево крај Севилја.

Шпанската престолнина е под опсада од англиски навивачи. Слободните проценки, според тамошните медиуми, се дека во градот моментно има околу 30.000 Англичани од кои една третина немаат влезници за вечерашниот спектакл во домот на Атлетико М. за кои се подготвени да платат и илјадници евра. Цената на црно, неофицијално, достигнува и до 6.000 евра, а „Би-Би-Си“ пренесува изјави на неименувани лица на кои има биле понудени четири билети за 15.000 евра што тие ги набавија по редовен пат за 60 евра по парче.

Но, тоа не влијае врз нивното расположение, пеење песни, конзумирање алкохол во изобилие и фестивалската атмосфера што ја прават. Меѓу оние на Ливерпул е особено актуелен еден фан поради неговиот сличен изглед со менаџерот на „црвените“ од „Енфилд“, Јирген Клоп. Интересна приказна од Мадрид пристигнува за една од легендите на Ливерпул, Џон Барнс, поточно за неговото патешествие до Пиринеите.

„Со семејството бев на одмнор на Санторини. Во Мадрид требаше да стигнам во четвртокот, но летот беше откажан. Потоа се качив на авион до Атина, од таму до Барселона и со воз до Мадрид. Два часа спиев на улица, со бездомници, но бев одлучен да бидам на „Ванда Метрополитано“ вечерва“, изјави Барнс.

Пехарот во Лига Европа заврши во Лондон. На друго место и не можеше од едноставна причина што за него во Баку играат Челзи и Арсенал. Дали и популарниот „трофеј со уши“ ќе оди во дождовната англиската метропола или во Градот на Битлси ќе биде познато вечерва пред полноќ.

Вечерашното финале во Мадрид ќе биде деветто за тимот на Ливерпул кој воедно ќе атакува на шеста титула. „Црвените“ на Клоп се радуваа по двата последни средби со „спарси“ на Маурисио Покетино, а фаворити се и според коефициентите во понудата на обложувалниците. Хари Кејн успеа навреме да се опорави по повредата и ќе биде ударна игла на Тотенхем чија поддршка ќе бидат Ериксен и Сон, на спротивната страна ќе биде Мохамед Салах, Роберто Фирмињо и Садио Мане, па затоа и очекувањата за голови во битката за Британија.

Ливерпул и Тотенхем ќе го одиграат 179. меѓусебно во меч во сите натпреварувања. Билансот е на страна на „црвените“ кои имаат 79 победи наспроти 48. на „спарси“ кои се 40. клуб во мечевите за титулата во ЛШ и први дебитанти по 2008 г0дина. Клоп ќе атакува на осмиот трофеј како менаџер по седумте што го има со Борусија Дортмунд, Покетино, пак, се надева на петти по досегашните четири со Еспањол и со Њуелс Олд Бојс.

Ливерпул Лига на шампиони Мадрид Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.