Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Лига на шампиони
„Црвените ѓаволи“ се надминаа себеси и со 3:1 славеа над ПСЖ за неверојатно враќање по поразот на „Олд Трафорд“ (0:2) и пласман во четврт-финалето
По триумфот на Светското клупско првенство, Реал Мадрид останува без шанси за нов трофеј до крај на сезоната. Барселона го исфрли од Купот на Шпанија во минатата недела, Каталонците имаат недостижни 12 бода предност во домашното првенство, а вечерва останаа и без Лигата на шампиони
Холандскиот првак ги понижи „кралевите“ на „Бернабеу“ со 4:1 и се пласира во четврт-финалето на Лигата на шампиони. Тотенхем се потврди меѓу најдобрите осум со триумф над Борусија и во Дортмунд со 1:0. Утревечер нови два реванш натпревари во Лигата на шампиони. Екипата на ПСЖ го дочекува Манчестер јунајтед со големи 2:0 0д првата средба на „Олд Трафорд“ додека Порто на „Драгао“ ќе биде домаќин на Рома. Римјаните имаат 2:1 од „Олимпико“
Првиот меч е закажан на 23 март во Загреб, реваншот е седум дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“. Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк
Вардарци го елиминираа актуелниот освојувач на ЛШ по триумфот со 33:27 во последниот меч од групната фаза и завршија на третото место на табелата во А конкуренцијата со оглед дека и Веспрем го победи Кјелце во Полска со 36:35. Во осминафиналето ќе играат со ППД Загреб или со Мотор Запорожје во зависност од конечниот расплет во групата Б
„Црвено-црните“ го совладаа шведскиот претставник со 32:30 (полувреме 16:17) и барем на 24 часа ќе бидат втори на табелата во групата А
Мечот вo Шведска е попладнево од 19 часот и во случај на победа „црвено-црните“ ќе останат на третото место на табелата и ќе задржат шанси на крајот да бидат и втори за што, сепак, се прашува и Веспрем
Шпанскиот претставник со два гола во второто полувреме го совлада Јувентус (2:0), „граѓаните“ на Пеп Гвардиола подобри од Шалке со 3:2 со пресврт во финишот на средбата иако од 68. минута играа без исклучениот Отаменди. Реваншите ќе се одиграат на 12 март
Ливерпул имаше повеќе прилики пред голот на Мануел Ноер, особено во првото полувреме, меѓутоа, се чини, напаѓачите на Јирген Клоп затаија во концентрацијата, но веруваат во пласман во четврт-финале во Лигата на шампиони иако во реваншот во Минхен ќе патуваат со 0:0
Ливерпул и Баерн Минхен на „Енфилд роуд“ одиграа 0:0, резултат со кој заврши и дуелот на „Жерлан“ меѓу Олимпик и Барселона. Реваншите од вечерашните средби ќе се одиграат на 13 март
Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Веспрем со 27:29 во дербито во групата А и мечот на неделата на ЕХФ и паднаа на третото место на табелата во пресрет на последните две кола
„Светците“ славеа на „Олд Трафорд“ со 2:0 со головите на Кимпембе и на Мбапе, резултат што ја прави, речиси, невозможна мисијата на „црвените ѓаволи“ во Париз за пласман во четврт-финалето во ЛШ