Browsing: Луис Хамилтон

Лидерот во генералниот пласман до седмата победа во сезоната стигна со време од 1:21:08.452 часа, втор резултат оствари неговиот клупски колега, Валтери Ботас (+24.928 сек.), за место на подиумот се избори и Шарл Леклер од Ферари (+30.117 сек.)

Хамилтон и Ботас повторно недопирливи за конкуренцијата, овојпат за ГН на Шпанија по која на највисокото место на подиум со искачи Британецот кој го презеде и водството во генералниот пласман. Наредна станица во Формула 1 сезоната е Монако и ГН на Монте Карло на 26 мај

Луис Хамилтон ја извозе 75. победа во кариерата, втора во 2019 година, и низ целта мина со време од 1:32:06,350 часа. Второто место го освои неговиот клупски колега, Валтери Ботас кој заостана 6,552 секунди, како трет заврши Себастијан Фетел (+13,744 сек.). Наредната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 28 април во Баку за ГН на Азербејџан

Од пол-позиција по седми пат во кариерата ќе тргне Валтери Ботас, во првиот ред ќе биде и Луис Хамилтон. Зад нив ќе бидат Фетел и Леклер. Трката на патеката во Шангај е закажана за 08,10 часот по средноевропско време

Актуелниот светски првак во Формула 1 ги искористи неприликите на Леклер во финишот на трката, го презеде водството и рутински ја запиша првата победа во сезоната пред клупскиот колега Валтери Ботас и младиот пилот од Монако. Наредната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 14 април во Шангај за ГН на Кина

Британецот во болидот на Мерцедес заврши како четврти во трката за ГН на Мексико што беше доволно и математички да се одржи на врвот во генералниот пласман на две трки до крај на сезоната. Рекордер по бројот на освоени Ф1 титули и натаму е Германецот Михаел Шумахер со седум

Актуелниот шампион беше најбрз на патеката „Сузука“ и ова за него е деветта победа сезонава или вкупно 71 во кариерата и на пет трки до крај на сезоната е многу блиску до одбрана на тронот