Во недела наутро во шест часот по средноевропско време ќе биде подигната завесата на новата сезоната во Формула 1 шампионатот. Премиерата, по традиција е во Австралија, први бодови ќе се бркаат на асфалтот на „Алберт парк“, а од пол-позицијата ќе тргне Луис Хамилтон.

Британскиот пилот во болидот на Мерцедес победи во квалификациите и по 84. пат во кариерата, по осми пат во Мелбурн, ќе поведе трка во октанскиот циркус. Со тоа, бранителот на титулата се израмни со седумкратниот првак, легендарниот Германец Михаел Шумахер, но и со Бразилецот Аиртон Сена кои, исто така, по осум пати стартуваа од пол-позицијата.

Од првиот ред ќе стартува и неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас, зад нив ќе тргнат Себастијан Фетел од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул, на петтото, односно, шестото место се сместија Шарл Леклер (Ферари) и Роман Грожан (Хас), итн.