Browsing: Македонија

Поранешната шефица на Специјалното Јавно обвинителство со завршни зборови за случајот „Рекет“. Истакна дека црвени телефони не и требаат, образот и е чист и се срами што е дел од предметот. За Орце Камчев рече оти „се покажало дека е „валкан“ играч кој мисли дека се може да купи со пари, но се излажа бидејќи мене не можеше да ме купи“. Пресудата за „Рекет“ е закажана на 18 јуни

Шест од смртните случаи се регистрирани во ГОБ „8 септември“ (по двајца пациенти од Скопје и од Куманово и по еден од Струга и Тетово) и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Меѓу новозаболените и три лица од геронтолошки установи во главниот град

Секогаш кога Северна Македонија е пофалена, се случува нешто што очигледно има за цел да го дефокусира јавното внимание од нејзиното историско полноправно членство во НАТО. Објава на Твитер од Руската амбасада во Скопје со нова дезинформација на денот кога американски авиони летаа над Скопје за да го поздрават членството на Северна Македонија во НАТО. Само случајност…?, се поставува како прашање во текстот на Ф2Н2

Педесетина граѓани се собраа попладнево пред зградата на Владата со транспаренти, знамиња, маски и чадори со сонцето од Кутлеш и изразија негодување со преземените мерки во борбата со ковид-19. Вирусот кој го парализира светот за нив е обичен грип за кој ниту има потреба од вакцина ниту, пак, има потреба од носење на заштитни ракавици и маски

По направените 1.120 тестирања во изминатото деноноќие, вирусот е детектиран кај 22 лица во Скопје, кај шест во Тетово, кај четири во Куманово и по еден во Гостивар, во Струга и во Штип. Коронавирус е потврден и кај вработен во градинка во Тетово