Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски суд за човекови права: Љубе Бошкоски немал правично судење

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2020 12:06

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење, да повика и да испитува сведоци во текот на судскиот процес против него, по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија „Обединети за Македонија“ за време на изборите во 2011 година.

Како што јави дописникот на МИА, Судот во однос на тужбата на Бошкоски против Република Северна Македонија констатира дека во текот на целото судење имало „недостиг на правичност“ согласно Европската конвенција за човекови права, поради што пресуди да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.

Бошкоски во тужбата навел дека со посебните процедури за сослушување на заштитениот сведок биле нарушени правата на неговата одбрана и дека одржувањето на три рочишта зад затворени врати претставува повреда на право за одржување на јавна расправа.

Во пресудата на Судот за човекови права со седиште во Стразбур се посочува дека против Бошкоски беше покрената постапка за „наводна злоупотреба на службената должност и незаконско финансирање на изборна кампања во 2011 година“, под сомнеж дека примил 130.000 евра од еден пријател за финансирање на неговата партија, поради што беше уапсен на 6 јуни во 2011 година, еден ден по парламентарните избори и беше задржан во притвор сè до крајот на судењето.

Судот посочува дека истражен судија решил да му додели статус на заштитен сведок на пријател на Бошкоски, „водејќи сметка за стравувањата што тој ги изразил во врска со неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство и природата и сериозноста на наводните престапи“. Поради тоа, додава Судот, биле направени посебни прилагодувања за да може да се сослуша сведокот преку систем за видео пренесување, при што неговиот глас беше мутиран, а лицето замаглено.

„Специјалните процедури беа задржани и во текот на судењето, а судијата од Основниот суд сметаше дека се уште постојат закани за сведокот. Судијата од првостепениот суд нареди три рочишта да се одржат зад затворени врати, за време на кои требаше да се сослуша заштитениот сведок и да се прегледаат аудио и видео снимки, како дел од тајното следење на средбите меѓу жалителот и сведокот“, се наведува во пресудата на Европскиот суд за човекови права.

Трибуналот од Стразбур посочува дека во 2011 година, судијата од Основниот суд го прогласи Бошкоски за виновен по обвиненијата и му изрече казна затвор во траење од седум години, засновајќи ја својата одлука врз изјавата на заштитениот сведок и на мислењата на повеќе експерти, на фотографии од конфискуваните пари и на аудио и видео записи што биле презентирани во предметот.

„За време на судењето во прв степен на апелација, жалителот го оспори решението на судијата да му додели на сведокот статус на заштитен сведок, тврдејќи дека таквата мерка е непотребна, бидејќи тој и сведокот биле пријатели и никогаш не му се заканил. Тој, исто така, се жалел и на тоа што одредени сослушувања се одржале зад затворени врати. Апелацискиот суд  ја прифати делумно жалбата на жалителот и ја намали казната на пет години затвор, потврдувајќи ја пресудата на првостепениот суд“, посочува Европскиот суд.

Во пресудата се додава и дека во 2013 година, Врховниот суд на земјава ги потврди пресудите на пониските судови, заклучувајќи дека сите докази против Бошкоски биле собрани законски.

„Поточно, било утврдено дека заштитениот сведок бил сослушан во согласност со законот и дека употребата на систем за пренесување на видео за време на неговото сослушување е практика што ја користеле и другите држави“, се наведува во образложението на пресудата на Европскиот суд за човекови права со која се потврдува дека Бошкоски немал правично судење во земјава.

Европски суд за човекови права Љубе Бошковски Македонија пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.