Browsing: Македонија
Францускиот професор Кристијан Лекен од Институтот за политички науки во Париз смета дека проширувањето треба да продолжи и при тоа издвојува три важни препораки за успешноста на овој процес – да се биде реалистичен во ветувањата кон своите граѓани во однос на тајмингот на пристапниот процес, придржување кон основните вредности и нормативниот систем на Унијата и градење на институциите на државата во либерална насока
Како дел од напорите за зајакнување на обновливите извори на енергија и борбата против загадувањето на воздухот, Северна Македонија поднесе…
По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата
Ова го истакна лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени од членови на партиската платформа „iSYRIZA“ под наслов „I ask & watch“
Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето…
Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО? – Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите прогодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме“, напиша Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, на својот Фејсбук профил
Кружевме три пати пред да слетаме во Брисел што можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори, Се надевам ќе успееме во четвртиот обид, порача министерот за надворешни работи пред синоќешната неформална вечера на лидерите на Западен Балкан со високи претставници на ЕУ во Брисел
Комесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го поздравија донесувањето на Законите за ЈО и за Совето на јавни обвинители во Собрание и изразија надеж за скоро отпочнување на преговори на членство на Унијата со С. Македонија
Пред неформалната вечер со лидерите од Западен Балкан, претседателката на Европската комисија истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија
Ако го донесеме законот за јавно обвинителство, ќе испратиме одлична вест и одличен сигнал дека Република Северна Македонија може и…
Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство и ги покриваат парламентарните односи со исто толку земји од Европа, од Америка, од Азија, од Африка и од Океанија. Очекувањата се дека во Групата за пријателство со Македонија ќе членуваат пратеници од сите политички партии со исклучок на т.н. „Грчко решение“ која е радикално десничарски ориентирана
„Турција долго време како земја води политика кон нашата земја што ја почитуваат граѓаните. И Албанците од Македонија и Македонците се чувствуваат сакани и почитувани кога одат во Турција. И оттука мислам дека кога во анкетите прашувате кон кој од лидерите на некои земји имате благонаклоно или неблагонаклоно мислење Ердоган кај нас избил на прво место“, вели професорот Ѓорѓи Спасов
