Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас: Каде се сега борците за Македонија кога и Мицотакис го почитува Договорот од Преспа

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: thetimes.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 16:13

Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија)? – Ги виде ли некој? – Каде се сокрија сега кога господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?, се запраша лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени од членови на партиската платформа „iSYRIZA“ под наслов „I ask & watch“.

Запрашан за тоа дека „десничарската пропаганда успеа да создаде впечаток во јавноста оти левицата се идентификува со антинационалистичките сили”, поранешниот грчки премиер рече дека оваа пропаганда беше „посебно интензивна пред точно една година кога се гласаше договорот“, јави дописничката на МИА од Атина. Тој објасни дека тогашниот избор на „Нова демократија“ бил „да се идентификува со радикални мислења, со радикални кругови, да го труе грчкото општество и уште еднаш да направи поделба на патриоти и предавници”.

„Патриотизмот во ова време, современиот патриотизам, не е да ја мразиш татковината на другиот, туку да ја сакаш твојата татковина и да сметаш дека другиот има право да ја сака неговата татковина. Лани минавме низ тешки моменти. Но, денес, кој дискутира за тоа? – Каде се сите оние Македономахи (борци за Македонија н.з.) – Ги виде некој? – Каде се сокрија сите овие, сега кога и господинот Мицотакис не само што се придржува, туку и го почитува Договорот од Преспа?“, истакна Ципрас, осврнувајќи се на значењето на поимот татковина за левицата.

За Договорот од Преспа рече дека „ги одбраниле вистината и патриотскиот интерес“.

„Мислам дека пополека, и оние кои лани беа под влијание, излегуваа на улица и беа чувствителни, сфаќаат дека го сторивме тоа во корист на патриотскиот интерес. Бидејќи сега, кога Турција не провоцира, ќе има можност со нејзините Ф-16 да лета над Северна Македонија“, рече Ципрас одговарајќи на едно од 20-те прашања поставени од членовите на партиската платформа. Лидерот на СИРИЗА порача дека левицата „беше и останува патриотска сила и сила на национална одговорност“.

Алексис Ципрас Грција Договор од Преспа Кирјакос Мицотакис Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.