Browsing: Македонија

Германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ изрази надеж дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања и додава не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината

Северна Македонија и Албанија можат да ги отворат преговорите со ЕУ за неколку недели, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји кој воедно најавува дека двете земји ќе добијат позитивен извештај од ЕК

Европскиот суд за човекови права оцени дека Северна Македонија не го заштитила имотот на лицата кои не сакале да ја подмират фиксната сметка за топлинска енергија на исклучените станови од мрежата за централно греење, откако оцени дека во случајот имало прекршување на членот 1 од Протоколот 1 на Европската конвенција за човекови права

Долниот дом во Мадрид, го ратификува пристапниот НАТО протокол со 279 гласа „за“ и еден глас против. Muchas Gracias. Следната и последна станица е Сенатот“, напиша министерот за надворешни работи

Францускиот професор Кристијан Лекен од Институтот за политички науки во Париз смета дека проширувањето треба да продолжи и при тоа издвојува три важни препораки за успешноста на овој процес – да се биде реалистичен во ветувањата кон своите граѓани во однос на тајмингот на пристапниот процес, придржување кон основните вредности и нормативниот систем на Унијата и градење на институциите на државата во либерална насока

По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата

Ова го истакна лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер за време на настан на кој одговараше на 20 најпопуларни прашања поставени од членови на партиската платформа „iSYRIZA“ под наслов „I ask & watch“