Browsing: Македонија

Барди во моментот се наоѓа во Валенсија и подложен е на лекарски прегледи во екипата која се враќа во Примера за наредната сезона. Елмас е во Истанбул на финални преговори со Фенербахче. Според најавите од медиумите во Шпанија и Турција наскоро се очекува и официјализирање на трансферите

Грузиските надежи подобри од македонските со 78:48 во третото коло во групата Ц во Орадеа, Романија. Утре е слободен ден на шампионатот, нареден ривал на „црвено-жолтите“ е домашната селекција во вторник попладне (17.30 ч.)

Смената на лидерската позиција на јулското рангирање на Светската фудбалска асоцијација дојде како последица на крајниот исход на Куп на конфедерации во Русија. „Панцерите“ во финалето го совладаа Чиле со 1:0. „Црвено-жолтите“ скокна за две места, бодови донесе ремито (0:0) со Турција во пријателскиот меч во Скопје

Капитенот беше оптимистички расположен пред Фајналфор турнирот во Европската одбојкарска лига и, со манир на голем спортсмен, доблесно самокритичен по поразот во мечот за титулата во Гентофте, Данска

Шампионскиот пехар до наредното издание на натпреварувањето ќе престојува во Киев по триумфот на Украинците над „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:15, 25:22, 24:26, 25:13) во финалето на Фајналфор турнирот во Гентофте, Данска. Третото место Шведска по триумфот над домашната селекција со 3:1 (по сетови: 25:23, 16:25, 25:19, 25:21)

„Црвено-жолтите“ во полуфиналето на Фајналфор турнирот во Гентофте ја поразија домашната селекција со 3:2 (по сетови: 19:25, 20:25, 25:14, 25:20, 15:11). Ривал во утрешниот меч за титулата (19 ч.) ќе биде Украина која со идентичен резултат беше подобра од Шведска (по сетови: 23:25, 25:19, 25:16, 22:25, 18:16)