Browsing: Манчестер Јунајтед

Долгорочниот договор за соработка доаѓа како награда за Норвежанецот за воскреснување на „црвените ѓаволи“ по нивно преземање од Жозе Мурињо и го прават трет најплатен менаџер во Премиерлигата по Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино

„Топчиите“ славеа на „Емирати“ со 2:0 со головите на Гранит Џака и на Пјер Емерик Обамејанг. Норвешкиот менаџер на „црвените ѓаволи“ смета дека може да биде присутно незадоволство од резултатот, но никако од играта

Чилеанецот, според „Сан“, моментно има неделна плата од 505.000 фунти во Манчестер јунајтед, но англиските медиуми често пати знаат да го пецнат дека повеќе „настапува“ одошто игра. Оваа сезона одигра 615 минути во кои постигна еден гол и забележа три асистенции

Автори на шестиот последователен пласман на екипата од „Олд Трафорд“ меѓу осумте најдобри во најстарото фудбалско натпреварување во светот беа Андер Ерера во 31. минута и Пол Погба во 45. минута

Ливерпул ги совлада „црвените ѓаволи“ со 3:1 во дербито на 17. коло во Премиерлигата или ако сакате „дербито на Англија“ и го задржа врвот на табелата. Херој на „Енфилд“ беше Џердан Шаќири кој влезе во игра во 70. минута и до 80. минута постигна два гола за осигурување на трите бода на неговата екипа

Валенсија ги порази „црвените ѓаволи“ со 2:1, резултат со кој и Јанг Бојс го доби дуелот со „старата дама“. Последниот билет за осминафинале во фудбалската ЛШ го резервира тимот на Олимпик Лион кој одигра 1:1 во Киев против Шахтјор Доњецк

„Кралевите“ со 2:0 ја совладаа Рома на „Олимпико“, Манчестер јунајтед, пак, со погодокот на Маруан Фелаини во екстра времето го порази Јанг Бојс со минимални 1:0. По вечерашните дуѕели од петтото коло во Е-Х групниот сегмент познати се седум осминафиналисти. За вториот патник во нокаут фазата од групата Ф ќе решаваат Шахтјор Доњецк и Олимпик Луион низ директен дуел во Украина

„Старата дама“ поведе со голот на Кристијано Роналдо во 65. минута, Мата израмни на 1:1 од слободен удар во 86. минута, „црвените ѓаволи“ до трите бода во 90. минута со автогол што му е заведен на Бонучи