Browsing: МНР

Нашиот државјанин, како што се посочува, во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската Амбасада во Токио е во комуникација со него на дневна основа, но и со останатите двајца Македонци кои сè уште се наоѓаат на крузерот и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот

Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена кои се членови на екипажот

Од МНР соопштуваат дека и претпладнево е остварен разговор со македонската Амбасада во Токио чии претставници се „на линија“ со јапонското Министерство за здравство. Засега не е позната состојбата на тројцата Македонци, нивниот идентитет, од каде се и дали биле како туристи или како дел од персоналот на крузерот во кој се евидентирани 61 заболено лице

Министерството за надворешни работи наведува дека е во постојан контакт со македонските државјани во Кина. Од таму посочуваат до граѓаните на Република Северна Македонија дека може да се обратат за подетални информации околу развојот на состојбите во Амбасадата на РСМ во Пекинг на дежурниот телефонски број +86 185 1351 2812 или е-маил beijing@mfa.gov.mk

Новиот Предлог закон за надворешни работи предвидува амбасадорите кои се политички решенија со промена на власта да може да им престане мандатот доколку за тоа се договорат шефот на државата и Владата

Република Северна Македонија има вкупно 57 дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП), од кои 42 се амбасади, осум се постојани мисии и девет се генерални конзулати. Од нив, во моментот непополнети се 23 амбасади и четири постојани мисии, додека сите генерални конзулати се пополнети