Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот налог на Твитер, упати честитки за македонското членство во НАТО, додавајќи дека очекува конструктивна соработка.

„Честитки до Република Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО како 30-та членка на Алијансата. Добредојде за нашите соседи во НАТО семејството и очекуваме конструктивна соработка во рамките на Алијансата“, напишаа од грчкото МНР на Твитер.