Browsing: партии

Реконструкции на локални патишта, водоводни и канализациски системи, транспаретност и соработка со граѓаните и реализација на проекти со кои ќе…

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се обидат да обезбедазт парламентарно мнозинство за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на новиот владин кабинет

Приговорите се отфрлени со образложение дека се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од „Левица“ немаа ниту потпис од овластен претставник. Членот на ДИК, Борис Кондарко рече дека Комисијата излезе со точни, навремени и вистинити резултати, дека работи на законит начин, а не е шалтер за „изгубено-најдено“

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) – 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива – 12, „Левица“ – 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) – 1

Додека трае „војната“ со анкети и препукувањата која е вистинска, а која лажна, се наметнува прашањето за целта на ваквите предизборни манипулации? – Ваквиот наратив е всушност битка за опортунистите, велат познавачите