Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиите „во низок старт“: Еден куп комбинации и математики за формирање нова влада

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 28, 2020 09:57

Првиот работен ден по официјалното објавување на конечните резултати од предвремените парламентарани избори на 15 јули, партиите започнаа со најавите за преговори за формирање ново владино мнозинство.

СДСМ, преку партиско соопштение, најави дека ќе формира Влада која „ќе работи уште повеќе и уште подобро и ќе го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните“, на што ВМРО-ДПМНЕ одговори дека досегашната Влада предводена од социјалдемократите не сработила „апсолутно ништо“ и не успеала „да реализира ниту едно ветување кое го имаше во предизборна кампања“, па затоа граѓаните не заслужувале уште една таква Влада.

Социјалдемократскиот сојуз смета дека поддршката што ја добиле од граѓаните на предвремените парламентарни избори претставува „ветар во грб и јасен сигнал за продолжување на патот“ што го трасирале за „парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда и да бидеме дел од европското семејство“.

„Со победата на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо со најмоќните земји во светот. Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните“, велат од СДСМ.

Изминативе денови извори од партијата информираа дека водат неформални преговори за избор на „најпогодниот коалициски партнер“.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема информации дали и со кого преговараат за формирање парламентарно мнозинство, но велат дека прават напори за составување влада на принципиелни основи и европски вредности.

„За ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција темелена на определбите за интеграција на државата во Унијата, но и коалиција која ќе ги почитува законите и владеењето на правото“, информира партијата.

ДУИ веќе најави дека нема да коалицира со партии што не ги поддржуваат Рамковниот и договорите со Бугарија и со Грција, а партиската потпретседателка Теута Арифи минатата недела гостувајќи во отвореното студио на ТВ 24 изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не го гледа како партнер во новата влада.

„Ние на нашиот конгрес имаме јасно ставени линии и тие се однесуваа на Охридскиот, на Преспанскиот и на Договорот со Бугарија. Сметам дека ако се зборува за континуитет, се подразбира што е континуитет. Велам, додека нема официјален процес на разговори, комбинации може да слушате секакви, но јас мислам дека за ДУИ е важен тој процес на одржување на овие договори и апсолутно се поврзува со тие што ги креираа овие договори и кои апсолутно ги поддржуваа и работеа на тие договори“, рече Арифи.

Алијансата на Албанците е на ставот дека е отворена за разговор со сите партии за коалицирање, но потенцира дека со ДУИ потешко се гледа во ист владин состав, иако и таква коалиција не е исклучена како опција. Партијата смета дека што поскоро треба да се формира политичка и кредибилна Влада, чиј еден од главните приоритети ќе бидат преговорите за членство со ЕУ.

Левица засега најавува опозициско дејствување, иако нејзиниот лидер Димитар Апасиев не ја исклучува можноста партијата да поддржи евентуална влада што би ја формирале ВМРО-ДПМНЕ и сите останати партии на Албанците без ДУИ.

Алијанса на Албанците Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2020 Левица партии преговори СДССМ Формирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.