Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: Трка на 1.578 кандидати за пратеници од 15 коалиции и партии

0
By Нова ТВ on July 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2020 10:55

Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори во среда, 15 јули, ќе можат да гласаат за листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати за пратеници, од кои 903 се мажи, а 675 се жени. Според статистичките податоци на Државната Изборна Комисија (ДИК), најголем дел од нив (795), по возраст, се меѓу 30 и 49 години.

Изборот се прави со заокружување на редниот број пред кадидатските листи на гласачкото ливче, чиј редослед беше утврден со ждрепка. Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:

1 – Демократска партија на Албанците – ДПА

2 – Политичка партија Демократи

3 – СДСМ и коалицијата „Можеме“

4 – Левица

5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива

6 – Глас за Македонија

7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ

8 – Интегра

9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ

10 – Социјалдемократска унија – СДУ

11 – „Никогаш Северна, само Македонија“ – Единствена Македонија

12 – МОРО работничка партија

13 – Народна партија на Ромите

14 – ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „За Обнова на Македонија“

15 – Твоја партија

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и БЕСА, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија Интегра, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ достави кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5, а Народна партија на Ромите само во втората изборна единица. ДПА има кандидатски листи во пет изборни единици.

Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица (ИЕ) е актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, техничкиот премиер Оливер Спасовски е во втората, генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски во третата, во изборната единица четири носител ќе биде лидерот Зоран Заев, „петката“ ќе ја предводи вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, а носител во шестата изборна единица ќе биде лидерот на БЕСА, Билал Касами. Карактеристично за овие листи е што е запазено правилото половина од кандидатите да бидат жени. СДСМ за овие избори направи коалиција со БЕСА, која на кандидатските листи има 14 члена на партијата.

Носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 е професорката Гордана Силјановска, во „двојката“ е Владо Мисајловски, во „тројката“ е Игор Јанушев, во четвртата изборна единица е Александар Николоски, во петата изборна единица е оперскиот пејач Игор Дурловски и во шестата е Дафина Стојановска.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е носител на кандидатската листа на партијата во шестата изборна единица, Талат Џафери во петтата изборна единица, во тројката носител ќе биде поранешниот министер за економија Беким Незири, во втората изборна единица министерот за образование Арбр Адеми и во првата изборна единица носител е партискиот потпретседател Изет Меџити.

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села е носител на кандидатската листа на коалицијата со Алтернатива во шестата изборна единица, додека Африм Гаши од Алтернатива во втората изборна единица. Во првата изборна единица носител е Скендар Реџепи, во третата Беким Татеши, во четвртата Валбона Река, а во петата Сурија Рашити.

Носител на листата со кандидати за пратеници на ДПА во шестата изборна единица е лидерот на партијата, Мендух Тачи. Носител во првата изборна единица е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Предводник на кандидатската листа во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати, а носител во петтата изборна единица е Васви Доко.

Носители на листата на Политичка партија Демократи се: Катерина Тодоровска во ИЕ 1, Христина Гаши во ИЕ 2, Жарко Кучишки во ИЕ 3, Никола Бујуклиев во ИЕ 4, Јорго Огненовски во ИЕ 5 и Изет Зејделовиќ во ИЕ 6.

Носители на „Левица“ се Димитар Апасиев во ИЕ 1, Реџеп Исмаил во ИЕ 2, Борислав Крмов во ИЕ 3, Бранко Ристов во ИЕ 4, Јована Мојсовска во ИЕ 5 и Сенада Ибраимова во ИЕ 6.

Носител на кандидатската листа на „Глас за Македонија“ во првата изборна единица е Солза Грчева, во втората е Адријана Богдановска Тоскиќ, во третата е Лидија Горачинова Илиева, во четвртата е Гоце Златев и во петата Наташа Котлар Трајкова.

Носители на листите на Граѓанско-демократска унија (ГДУ) се Ана Глигорова во ИЕ 1, Есед Јусуфовски во ИЕ 2, Петар Колев во ИЕ 3, Добре Митрев во ИЕ 4 и Даниел Јордановски во ИЕ 5.

Кандидатските листи на Интегра – Македонска конзервативна партија ги предводат Љупчо Ристовски во ИЕ 1, Александар Главинов во ИЕ 2, Сузана Чесмаџиска во ИЕ 3, Воислав Зафировски во ИЕ 4, Николче Талевски во ИЕ 5 и Виолета Србиновска во ИЕ 6.

Носител на СДУ во Првата изборна единица е Петар Богојески, во втората е Снежана Костадиноска Милошеска, во третата е Војо Беловски, во четвртата е Жарко Бошкоски и во петата е Стево Насковски.

„Никогаш Северна, само Македонија“ на овие избори ја предводат Биљана Чинго во ИЕ 1, Јове Кекеновски во ИЕ 2, Вангел Симев во ИЕ 3, Јанко Бачев во ИЕ 4, Ацо Николовски во ИЕ 5 и Љупчо Столевски во ИЕ 6.

Носители на листи на МОРО – Работничка партија во изборна единица 1 е Атанас Трајковски, во втората е Горан Зафировски, во третата е Светлана Здравковска, во четвртата е Киро Јовчевски, во петата е Жарко Гроздановски и во шестата е Иван Јанкуловски.

Народна партија на Ромите има листа во втората изборна единица, а носител е Ѓеѓе Демировски.

Носител на кандидатската листа на „Твоја партија“ во првата изборна единица е Мирјана Најческа, во втората е Ѓорѓе Марјановиќ и во петата е Илија Тодоровски.

Избори 2020 кампања кандидатски листи Коалиции Македонија партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.