Изјава на водечките партии во ЕП: Лукашенко прогласен за персона нон-грата во ЕУ

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко за персона нон-грата во Европската Унија (ЕУ) и повикаа на...

Формирање на мнозинство и влада: Роковите течат, сите разговараат, детали нема

По предвремените парламентарни избори на 15 јуни, новиот собраниски состав се конституира на 4 август и почна да тече 10 дневниот рок за формирање на парламентарно мнозинство, по што претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање на Влада. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата за чиј избор треба да гласаат мнозинството на пратеници

Партиите „во низок старт“: Еден куп комбинации и математики за формирање нова влада

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе се обидат да обезбедазт парламентарно мнозинство за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на новиот владин кабинет

ДИК ги отфрли сите приговори, дел од партиите најавија тужби до Управен суд

Приговорите се отфрлени со образложение дека се без докази, а најголем дел од оние што беа поднесени од „Левица“ немаа ниту потпис од овластен претставник. Членот на ДИК, Борис Кондарко рече дека Комисијата излезе со точни, навремени и вистинити резултати, дека работи на законит начин, а не е шалтер за „изгубено-најдено“

Избори 2020: Кои пратеници ќе учествуваат во работата на новиот парламентарен состав?

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) - 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива - 12, „Левица“ - 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) - 1

Лажни анкети и рејтинзи за лов на (не)партиски опортунисти

Додека трае „војната“ со анкети и препукувањата која е вистинска, а која лажна, се наметнува прашањето за целта на ваквите предизборни манипулации? - Ваквиот наратив е всушност битка за опортунистите, велат познавачите

Избори 2020: Кампањата на средина, реториката се вжештува

СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска е во Крива Паланка и во Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, на Илинден, во Центар и во Кисела Вода. ДУИ и нивниот кандидат за премиер Насер Зибери ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово. Предизборниот караван на политичката платформа „Македонски концепт“ ќе биде во посета на Македонски Брод, на Крушево, на Демир Хисар и на Ресен, додека „Левица“ ќе биде во Гевгелија, а „Единствена Македонија и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ во Прилеп

Подмладоци на партиите потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Претседателите на подмладоците на 33 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори, а со парафирање на документот тие демонстираат и решителност за...

Партиите ветија фер и демократски избори, фокусот ќе го стават на здравјето на граѓаните

Владеачката СДСМ излезе со став дека нема да организира големи настани и митинзи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавува кампања комплетно поинаква од оние што биле организирани досега. Позитивна, фер и демократска кампања, најавија и од ДУИ