Browsing: полиција

Последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот „necenzurirano.si“. Според порталот, најмалку четири милиони евра преку компании блиски до Орбан се дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и во Северна Македонија

Првичните информации за случајот се однесуваат на тениско игралиште во државна сопственост што на нелегален начин било легализирано, а подоцна и приватизирано за потребите на спортското здружение „Љуботен“ во период во кој негов претседател бил Теофиловски. Од Обвинителство за Нова ТВ ја потврдија акцијата и најавија официјално соопштение во текот на денот

Меѓу уапсените има адвокати, бизнисмени, функционери на локална власт и судство и поранешен пратеник во италијанскиот парламент од партијата на екс премиерот Силвио Берлускони. За време на операцијата е запленет имот во вредност од 15 милиони евра

Тројцата киднапери се уапсени. За двајца од нив е одредена мерка притвор, а третиот, кој е жител на Струга, ќе се брани од слобода. За ослободување на македонскиот државјанин побарале 250.000 евра  

„Си-Ен-Ен“ јавува дека населбата Најстаун-Тиога е преплавена со полициски сили во обид да ја стават ситуацијата под контрола. До жителите на Филаделфија се апелира да го избегнуваат местото на престрелки, а од хеликоптерите и новинарските екипи да се оддалечат

Во полициската акција во три магацини и во еден стан, меѓу другото, биле пронајдени и запленети: 128,7 тони обработен и суров тутун, кутии цигари и тутун на различни јазици, грчки, англиски, италијански, француски и бугарски, механичка опрема за преработка на тутун и стандардизација на цигари, 4.600 евра, три камиони за меѓународен транспорт, три автомобили, шест специјални товарни возила, 12 мобилни телефони