Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Словенија: Финансирањето на медиуми блиски до Јанша под лупа, трагата до Македонија

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 11, 2020 16:24

Словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата. Како што објави Телевизија Словенија, се работи за медиуми кои се сметаат за блиски до Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша која, пак, имала блиска соработка со Фидес на унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Последните истраги на словенечките власти доаѓаат по анализата која беше вчера објавена на порталот „necenzurirano.si“. Според порталот, најмалку четири милиони евра преку компании блиски до Орбан се дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и во Северна Македонија. Новинарите на „нецензурирано“ пишуваат дека за овие тврдења имаат документи кои, меѓу другото, давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

Под насловот „Од каде се милионите за медиумите на СДС и Операција Македонија” новинарите Примож Цирман, Весна Вуковиќ и Томаж Модиќ во анализата разоткриваат, како што пишуваат, „октопод” на релација Москва, Будимпешта, Љубљана и Скопје.

„Дознаките од странство докажуваат дека највисокото политичко раководство на СДС (партијата на Јанез Јанша) е вклучено во финансирање на медиумите блиски на СДС. Имаме сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори“, пишува словенечките новинари.

Според порталот, од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата Фидес, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму 1,5 милион евра биле искористени за финансирање на медиуми блиски до Јанез Јанша, а 2,5 милиони евра биле дадени за четири медиуми во Северна Македонија. Графиконот што го објави „нецензурирано“ упатува дека пари во земјава добиле „Курир“, „Нетпрес“, „Алфа“ и „Лидер“.

Авторите на текстот тврдат дека дел од парите за финансирање на медиуми во Словенија и Северна Македонија доаѓаат од Русија. Тие пишуваат дека се почнало од изградбата на една нуклеарна централа во 2014 година, кога владата на Виктор Орбан одлучила да им ја додели на Русите без јавен тендер. Владимир Путин го смета Орбан за најголем сојузник во Европската Унија, а двајцата политичари ја поддржуваат десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ. Уште во 2017 години, повеќе новинари известуваа за активностите на руските разузнавачки служби во ширењето на антизападна пропаганда во Северна Македонија, се наведува во анализата на словенечките новинари.  

Вчера адвокатот на СДС на Јанша, испрати писмо до словенечкиот премиер во оставка Мајан Шарец, во кој бара извинување за негова изјава, дека СДС се финансира со унгарски пари, а во спротивно се закани со тужба.

истрага Јанез Јанша Македонија медиуми полиција Словенија финансирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.