Browsing: Полска

Претседателот Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе оствари билатерални средби со Маршалот на Сејмот, Елжбиета Витек и со Маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки, а ќе се сретне и со истакнати слависти и македонисти кои живеат и работат во Полска

Двата гола за Полјаците ги постигна Пржемислав Франковски во 74. минута и Аркадиуш Милик во 80. минута. Во претпоследното, деветто, коло на 16 ноември, македонските фудбалери ќе ` гостуваат на Австрија која вечерва славеше над Словенија во Љубљана со 1:0 и со 16 бода е втора на табелата во групата Г

Отсуството на капитенот на Динамо Загреб е голем хендикеп за стручниот штаб ако се има предвид дека селекторот Ангеловски, поради повреди, ги загуби и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски. Мечот меѓу фудбалските репрезентации на Полска и Македонија во квалификациите за ЕП 2020 е вечерва од 20.45 ч. на стадионот „Народови“ во Варшава

Македонската реппрезентација, по проспиената ноќ во Скопје, отпатува за Полска каде во недела ќе ` гостува на домашната селекција во осмиот меч во групата Г во квалификациите за ЕП 2020

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот полски колега и домаќин Анджеј Дуда ја отворија денешната комеморација по повод 80-годишнината од почетокот на Втора светска војна. Церемонијата почна утрово во полскиот град Вилун во 04:40 часот, кога првите нацистички бомби паднаа на Полска и загинаа првите цивили