Browsing: Полуфинале

Аргентинецот ги постигна двата гола за „старата дама“ во триумфот со 2:0 против Монако на „Луј Втори“, Бразилецот Дани Алвеш двоен асистент. Реванш полуфиналниот дуел е за шест дена во Торино

Двоен стрелец за холандската екипа беше репрезентативецот на Буркина Фасо, Бертран Траоре кој меѓу „копјаниците“ од Амстердам настапува како позајмен играч од Челзи, во листата на стрелци се додадоа уште Долберг и Јунес. Почесниот за Олимпик го постигна Валбуена. Селта против Манчестер Ј., утревечер од 20.45 ч., во второто полуфинале

Реал Мадрид триумфира со 3:0 во првиот полуфинален дуел со „јорганџиите“ и на праг е на ново финале во елитното клупско натпреварување на УЕФА. Португалецот погоди во 10 минута, во 73. и во 86. за огромна предност на „кралевите“ пред реваншот на „Висенте Калдерон“

Каталонците го поразија Атлетико во Мадрид и по седум дена на нивниот „Камп Ноу“ им преостанува само да се потврдат за мечот за титулата. Во второто полуфинале играат Селта и Алавес

„Триколорите“ во полуфиналето ја совладаа Словенија со 31:25 и титулата од Катар ќе ја бранат во недела со победникот од утрешното второ полуфинале меѓу Хрватска и Норвешка