Ивановска: Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот

Оној кој се стекнува со имот, не секогаш го запишува на свое име. Од новите пратеници ќе бараме да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска во интервју за „Слободен печат“

Најмладата пратеничка во новото Собрание има 23 години, највозрасните по 72 години

Артина Ќазими од коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива е студентка која потекнува од гостиварски Добри Дол, додека Илија Николовски од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Стојан Миланов од коалицијата „За обнова на Македонија“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат највозрасните пратеници во десеттиот собраниски состав

Избори 2020: Кои пратеници ќе учествуваат во работата на новиот парламентарен состав?

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како што засега стојат работите, ќе има 46 народни претставници, коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има 44, Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) - 15, коалицијата „Сега можеме“ на Алијансата на Албанците и Алтернатива - 12, „Левица“ - 2 и Демократската партија на Албанците (ДПА) - 1

ГРЕКО бара реформи и конкретни резултати во Северна Македонија

На крајот на 2019 година, 15 земји беа посочени дека целосно не го почитувале четвртиот циклус на ГРЕКО, меѓу кои и Северна Македонија, заедно со Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Ирска, Луксембург, Монако, Полска, Португалија, Романија и Турција