Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По само три месеци на власт падна француската Влада

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Фото: worldatlas.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2024 10:38

Западните изданија денеска го коментираат падот на француската влада, откако вчера пратениците од опозицијата изгласаа недоверба и ја соборија од власт по само три месеци на власт.

Француските пратеници гласаа за недоверба на премиерот Мишел Барние и неговиот кабинет, што предизвика нови политички превирања што ја оставаат Франција без јасен пат за усвојување на нов буџет и се заканува дополнително да ги разниша финансиските пазари, објави Њујорк Тајмс.  Барние е најочигледната жртва на поларизираната политика во Франција, коментира изданието.

Едно беше јасно пред гласањето за недоверба: ризикува да се ослободи нов бран на катастрофа во една од водечките европски економии, пишува весникот. Постои опасност тоа да доведе до „нов период на нестабилност“, велат за весникопт од Унијата на мали и средни претпријатија, што го претставува мнозинството француски компании.

„Ако Франција остане без буџет, тоа ќе ја отвори вратата за должничка криза, чии последици сериозно ќе се одразат на економијата“, додаваат од организацијата.

Вчерашното гласање покажува како втората по големина економија во еврозоната ризикува да стане неуправувана, пишува Волстрит џуртнал, додавајќи дека растечката фрагментација и поларизација на политичките редови на Франција ги тестираат темелите на нејзината демократија. Изданието потсетува и на последниот пат кога владата во Франција беше соборена на овој начин – во 1962 година, кога земјата мораше да се справи со последиците од Алжирската војна за независност и атентатот на тогашниот претседател Шарл де Гол.

„Европа повторно е на работ на финансискиот Армагедон“ – пишува во насловот на британскиот весник „Телеграф“.

Изданието наведува дека според многу извори блиски до шефот на државата, тој мора да го назначи својот шести премиер во последните седум години најдоцна до овој викенд, со оглед на свеченото отворање на катедралата Нотр Дам во недела навечер, на која ќе присуствуваат од над 50 лидери од целиот свет.

„Би било крајно срамно и разобличувачко за Франција да нема премиер за време на толку важен дипломатски викенд“, изјави еден од изворите за британското издание.

Како се радуваа кога во Велика Британија настана хаос по гласањето за Брегзит, коментира Џереми Ворнер од „Телеграф“. „Сега работите се свртеа и повторно еврозоната, а особено Франција, е на ќорсокак. Велика Британија, напротив, изгледа како остров на стабилност и релативно здрав разум“, смета и новинарот.Францускиот весник „Монд“ истакнува дека ситуацијата на пазарите сега е тензична, а Франција се подготвува за штрајкови во јавниот сектор поради заканата од кратења што ќе доведат до затворање на училишта и ќе се одразат на воздушниот и железничкиот транспорт.

Франција е втурната во длабока политичка криза, коментира германскиот магазин „Шпигел“.

Формирањето влада веројатно повторно ќе биде тешко, додава неделникот и прецизира дека алтернативата на Макрон е да назначи експертска влада која ќе ја преземе функцијата без политичка програма.

Магазинот се осврнува на ситуацијата во Германија, каде што владејачката коалиција исто така пропадна поради проблем со нацрт-буџетот за следната година. Другата можност што ја дозволува „Шпигел“ е преку вонредна легислатива да предложи буџет само за почетокот на годината. Новата влада потоа ќе треба да се обиде да протурка редовен буџет низ парламентот, но бидејќи парламентот е многу фрагментиран, тоа веројатно ќе биде и многу тешко. Тогаш следното гласање за недоверба ќе биде неизбежно, пишува германскиот магазин.

Европското издание „Политико“ пишува дека растечката политичка и економска криза во Франција ризикува да предизвика ударни бранови низ еврозоната.

Политичкиот пресврт тешко би можел да дојде во понесоодветно време за Европа, на која и е очајна потреба од лидерство за да се справи со различни предизвици, од враќањето на Доналд Трамп до конфликтот во Украина и потенцијалната трговска војна со Кина, пишува Политико. Медиумот додава дека Германија, другата половина од моторот што го придвижува континентот, е недоволно опремена да го заземе возачкото место бидејќи се бори со сопствените политички проблеми и со нестабилната економија.

Влада недоверба на Влада опозиција пратеници Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.