Browsing: Преспа

Ова е брајчинска река, природен хабитат на ендемскиот вид на пастрмка позната како брајчинска пастрмка. Воедно од водите на оваа река доаѓа и најголемиот прилив на вода во Преспансото Езеро кое во изминатите две години ја преживува најголемата криза со водостојот

Покрај розовите фламинга, забележани се јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа. Од македонското еколошкото друштво МЕД велат дека особено е интересно присуството на сабјарки, бидејќи тие во Македонија досега се видени само десетина пати

Центарот е и иницијатива на локалната невладина организација „Преспа ГРАД“ која ги обединува сите граѓански потенцијали со идеи и желба за развој на проекти од значење за развој на регионот преспа во трите држави кои ги делат водите на Преспанското Езеро

Во малото населено место Нивици на грчката страна на Преспанското Езеро точно пред две години шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и поранешниот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас ги ставија своите потписи на Преспанскиот договор.Со решавањето на спорот со Грција се одблокираа интегративните процеси на земјава во НАТО и Европската унија. Македонија согласно договореното се преименува во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски

Во месец ноември е забележан третиот најнизок водостој на езерото од – 453 сантиметри што е трета најниска вредност регистрирана од како постојат мерења на водостојот