Ново добро издание за Леванте: Барди со гол и асистенција против Кадиз

Македонскиот репрезентативец за првпат беше во почетниот состав на екипата од Валенсија и возврати на најдобар можен начин. Му додаде на Хозе Кампана во 16 минута за водство со 1:0 и реализира во 55 минута за 2:0

Бразил и Колумбија во пријателски меч во чест на Шапекоенсе

Прва опција е „Маракана“ во Рио де Жанеиро, втора е „Конда арена“ во Шапеко. Мечот е договорен кон средината на јануари, целиот приход ќе оди за семејствата на жртвите во авионската несреќа во близина на Меделин