Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, У21: Македонија против Ц. Гора во последен филтер за ЕП 2019

0
By Нова ТВ on March 24, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 24, 2017 10:33

Младата фудбалска репрезентација на Македонија во септември ќе влезе во квалификации за Европското првенство во Италија во 2019 година. Новиот циклус ќе биде дочекан со нова генерација на играчи кои се родени во 1996 година и помлади. Најголем дел од тимот што обезбеди пласман на претстојното ЕП во Полска, ова лето, ја проби возрасната граница и нема право на настап наесен, па селекторот Благоја Милевски е во финалната фаза на изградба на нов состав со кој ќе атакува на бодови за наредниот континентален турнир.

Новиот У21 проект попладнево ќе има тест со Црна Гора. Натпреварот е закажан во 14 часот во тренинг комплексот „Петар Милошевски“ крај ФФМ и ќе биде последен во селектирањето на играчи пред почетокот на квалификациите.

„Натпреварот со Црна Гора треба да биде показатал за психолошката подготвеност на фудбалерите да се носат со притисок против подобро рангиран ривал. Се надевам дека сите повикани ќе искажат квалитет и нивниот однос кон репрезентацијата ќе биде на највисоко ниво. Секој што ќе добие шанса ќе треба и да се потврди. На нив останува дали ќе задржат место во тимот. Ова е последно селектирање пред квалификациите за Европското првенство во 2019 година“, потенцира Милевски пред дуелот со Црногорците.

За Елиф Елмаз, член на Работнички, денешната средба е вистински тест за нвата генерација на играчи во У21 селекцијата.

„Не чувствуваме никаков притисок. Привилегија е што сме повикани во репрезентацијата на Македонија, наше е да ја оправдаме довербата. Начинот на работа на селекторот Благоја Милевски го знаеме, сериозно пристапивме на подготовките и се надевам дека ќе возвратиме со добра игра против Црна Гора. Ова е нова генерација на фудбалери кои, сепак, имаат квалитет за нови големи резултати“, нагласува офанзивниот играч на скопски Работнички.

Мотиви нагласува и вардаровиот напаѓач Петар Петковски од кого се очекуваат голови во младата селекција во иднина.

„Одиме на победа. Иако е пријателски натпревар, сепак, сме максимално мотивирани и со желба да одиграме најдобро што умееме. Нема притисок и страв. Уживавме на тренинзите и на заедничките подготовки во изминатите денови, се надевам дека ќе уживаме и на теренот денеска“, нагласи Петковски.

Македонија Пријателски меч У21 фудбал Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.