Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕБОР: Пад на македонскиот БДП од 3,5 отсто оваа година и раст од 5,5 отсто за наредната

0
By Нова ТВ on May 13, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2020 09:58

Македонскиот бруто домашен производ (БДП) ќе забележи пад од 3,5 отсто во 2020 година како последица на економските последици од пандемијата на коронавирусот, а за наредната година се очекува раст од 5,5 отсто, се наведува во најновите макроекономски прогнози на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Во извештајот на ЕБОР насловен „Регионални економски перспективи“, се посочува дека под претпоставка на краткотраен ефект од епидемијата на ковид-19, последиците врз македонската економија ќе бидат „умерени“. Банката наведува дека се очекува пад на економиите на глобално ниво во просек за 3,5 проценти во оваа година, по што во 2021 година се очекува раст во просек од 4,8 отсто, со напомена дека овие предвидувања не се сигурни поради неизвесноста со развојот на корона-кризата.

Според главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик за излез од кризата на глобално ниво, клучни се поголемата соработка и економска флексибилност.

„Кризата претставуваше голем удар и излегувањето од неа ќе претставува исто толку голем предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку е време да се гради подобра иднина преку меѓународната посветеност кон слободната трговија, ублажување на климатските промени и економската соработка“, нагласува Јаворчик.

Во извештајот се предвидува дека на долг рок корона-кризата ќе има умерено влијание врз економијата, при што се очекува економскиот раст да продолжи кон крајот на третиот квартал од годинава, но се нагласува дека потенцијално и натаму се можно значајни долгорочни економски, политички и социјални ефекти од пандемијата.

Доколку мерките на изолација останат во сила многу подолго од предвиденото, рецесијата може да биде многу поголема, па нивото на економски раст од 2019 година нема да може да се достигне во наредните неколку години, се посочува во извештајот.

На глобално ниво мерките преземени за справување со пандемијата влијаеја на домашната побарувачка и понуда, што резултираше со остар пад на цените на стоките, проблеми во работата на извозниците, нарушување на глобалните вредности, колапс на туризмот и пад на нивото на дознаки од странство.

Речиси сите економии во развој од Централна и во Источна Европа, во Централна Азија, на Блискиот Исток и во Северна Африка, според ЕБОР, веројатно ќе имаат економски последици во текот на оваа година, со мал број исклучоци, како Туркменистан, Узбекистан и Египет.

Во регионот на Западен Балкан, голем удар се очекува врз економиите на Босна и Херцеговина, на Северна Македонија и на Србија, кои, како што се посочува, се базираат на индустриското производство, за Албанија и за Црна Гора се оценува дека ќе бидат погодени поради ударот врз туризмот, додека Косово, но до одреден степен и другите западно балкански економии, ќе имаат намалена домашна потрошувачка како резултат на намалените дознаки од странство.

Членките на ЕУ од Југоисточна Европа, исто така, веројатно ќе бидат сериозно погодени од корона-кризата, пред сè, поради падот во туризмот, што особено ќе се одрази врз Кипар, врз Грција и врз Бугарија. За Турција се предвидува пад на БДП за 3,5 проценти во 2020 година, по што ќе следи силно економско зајакнување со раст од 6 отсто следната година.

Во Централна Европа и балтичките земји, рестриктивните мерки кои вклучуваа значителни ограничувања, ќе имаат последици, пред сè, врз автомобилската индустрија, нa која, на пример, отпаѓа речиси половина од индустриското производство на Словачка. Слабата надворешна побарувачка веројатно ќе го одложи закрепнувањето на економиите во овој регион, кои се очекува во просек годинава да имаат пад од 4,3 проценти, но ќе имаат силен раст од 4,5 отсто во 2021 година.

Во извештајот посебно се посочува Полска, како најголема економија во овој регион, која не доживеа поголем удар за време на глобалната финансиска криза во 2008 година и во 2009 година и за која се предвидува пад на економија од 3,5 проценти во текот на оваа и раст од 4 отсто во 2021 година.

Економиите во Централна Азија, кои се најдоа под притисок на падот на цените на стоките и дознаките, во просек ќе забележат пад од 1,2 проценти во 2020 година, по што во 2021 година ќе имаат раст од 5,8 отсто. Казахстан и Узбекистан имаат потенцијал да обезбедат значителен стимул за нивните економии, но помалите земји, како Киргистан, Монголија и Таџикистан, кои имаат ограничен фискален простор, ќе забележат значителен раст на долгот, силен притисок врз домашните девизни пазари и намалена странска побарувачка.

Пониските цени на стоките извршија дополнителен притисок врз извозниците на енергенси и метали, како што е случај со Азербејџан, со Украина и со Ерменија, додека очекуваниот пад на дознаките од странство ќе има особено влијание врз Молдавија, врз Ерменија, врз Украина и врз Грузија, чија економија дополнително ќе биде погодена и од загубата на приходите од туризмот.

За Украина се очекува економијата да забележи пад од 4,5 проценти во 2020 година и раст од 5 отсто догодина. Русија, чија економија е значително погодена од глобалниот пад на побарувачка и цените на нафтата, се очекува економски пад од 4,5 проценти оваа година и раст од 4 проценти во 2021 година.

Во јужниот и источниот медитерански регион се очекува посебно негативното влијание од корона-кризата врз туризмот, кој беше главен двигател на растот на сите економии во овој регион во 2019 година, на што ќе се надоврзе и пад на побарувачката од главните трговски партнери и намалувањето на приливите на директни странски инвестиции.

ЕБОР на крајот потенцира дека овие предвидување во голема мерка сепак ќе зависат од времетраењето и обемот на мерките за справување со корна вирусот.

БДП ЕБОР економија Македонија Прогнози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.