Browsing: Протокол

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, членовите на Посебните Избирачки Одбори (ПИО) ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба. Организирање на прослави, свадби, родендени, крштевки, во оваа фаза на протоколот, е забрането

Намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздрави со физички контакт, откажување од посета на гробишта, се само дел од мерките на Ријасетот на ИВЗ пред претстојниот голем муслимански празник

На денешниот состанок на Советот за безбедност ќе биде предложена продолжување на вонредната состојба, но останува нејасно за колкав период. Државната изборна комисија даде мислење за временската рамка за организација и одржување на изборите, Комисијата за заразни болести изготви Протокол за целокупниот изборен процес од предизборните активности до денот на гласањето

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и уште едно лице од општинскиот кризен штаб, ќе добијат парична казна оти при изречена мерка за изолација тргнале да се тестираат во Скопје