Browsing: Рафаел надал

Шпанецот по три часа и 22 минути игра го совлада Басилашвили од Грузија со 6:3, 6:3, 6:7, 6:4, Австриецот, пак, го елиминира петтиот носител, Кевин Андерсон со 7:5, 6:2, 7:6. Серена Вилијамс и Каролина Плишкова ја формираа првата четвртфинална двојка кај дамите

Швајцарецот со 6:2, 6:2, 6:4 го елиминира Нишиока, Србинот беше подобар од Мартон Фусовиц од Унгарија додека Давид Ферер поради повреда на раката го предаде мечот со Рафаел Надал при резултат 6:3, 3:4. Романката Халеп, пак, се впиша во неславна историја на турнирот како прва тенисерка што отпатувала во Њујорк како водечка на ВТА листата, а не успеала преку првото коло. Подобра од неа беше Естонката Каја Канепи со 6:2, 6:4

Шпанскиот тенисер планира да мине моменти во опуштена атмосфера меѓу триумфот над Весели во осминафиналето и обврската во четврт-финале. Па, меѓу нив и вечерашното мундијалско полуфинале во Русија меѓу Франција и Белгија

Српскиот тенисер во осминафиналето славеше над Русинот Кирил Хачанов со 6:4, 6:2, 6:2, Шпанецот, пак, подобар од Чехот Јан Весели со 6:3, 6:3, 6:4. Дуелот со Адриен Манарино од Франција беше само лесен тренинг за швајцарскиот ас кој триумфира со 6:0, 7:5, 6:4

Шпанецот во финалето го декласира Австриецот со 6:4, 6:3, 6:2 за одбрана на тронот во Париз и воедно 17. гренслем титула во кариерата. Трофејот на женскиот турнир го однесе Романката Симона Халеп која во финалето ја совлада Слоун Стивенс од САД со 3:6, 6:4, 6:1

Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Александар Зверев со 6:1, 1:6, 6:3 за осма титула во италијанскиот главен град, но и за враќање на лидерската позиција на АТП листата. Утре почнува вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос

Шпанецот останува на плус 100 бода од Роже Федерер на второто место. Непроменета е позицијата и на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, кој во Барселона беше елиминиран од Мартин Клижан во првото коло, и натаму е 12. светски рекет. 

Промената на лидерската позиција дојде како резултат на губењето на бодови на Роџер Федерер по раната елиминација од Танаси Кокинакис од Австралија во второто коло на Мастерсот во Мајами, па Шпанецот има 100 бода повеќе од Швајцарецот. Романката, пак, навлезе во 22. недела на владеење во женскиот тенис