Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како шампион во Париз: Надал по осми пат го освои Мастерсот во Рим

0
By Нова ТВ on May 20, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 20, 2018 20:57

Рафаел Надал го детронизира Александар Зверев на Мастерсот во Рим. Шпанскиот тенисер во финалето го совлада Германецот со 6:1, 1:6, 6:3 за осма титула во италијанскиот главен град, но и за враќање на лидерската позиција на АТП листата.

Двајцата тенисери имаа по свои периоди во финалето пред прекинот поради дожд. Надал доминира во воведниот сет што го запиша со 6:1, Зверев возврати на идентичен начин во вториот сет. Решавачкиот почна со брејк на обете страни по што настапи 50 минутна пауза во момент кога Зверев водеше со 3:2 и изгледаше како да е поблиску до конечен триумф.

Меѓутоа разведрувањето над Рим како да донесе разведрување и на Надал кој по враќање на терен наметна ритам што противникот не можеше да го следи, па кратко потоа беше принуден да го предаде тронот.

За Надал ова е 32. Мастерс титула во кариерата. Турнирот во Рим се играше за награден фонд од 4,8 милиони евра и беше последен од Серијата 1.000 пред вториот гренслем во сезоната, Ролан Гарос што почнува утре во Париз.

АТП Мастерс во Рим / награден фонд 4,8 милиони евра

Финале: Надал (1., Шпанија) – А. Зверев (2., Германија) 6:1, 1:6, 6:3

Александар Зверев Мастерс Рафаел надал Рим тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.