Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Рафаел надал
Шпанецот, истовремено, додаде дека сака да ужива во тоа што го работи, па ако тоа биде доволно за врвот тогаш и задоволството ќе биде огромно кај него
Хрватот е прв полуфиналист на Австралија опен, откако водечкиот на АТП листата, поради силни болки, реши да се повлече од мечот при резултат 3:6, 6:3, 6:7, 6:2, 2:0. Нареден ривал на шестиот носител ќе биде Британецот Кајл Едмунд кој, пак, го елиминира Григор Димитров. Настапите на гренслемот завршија и за Елина Свитолина
Шпанецот во три сета го совлада Дамир Џумхур од БиХ со 6:1, 6:3, 6:1, Французинот елиминиран од Ник Кирјос со 6:7, 6;4, 6:7, 6:7. Настапите во Мелбурн ги заврши и Јелена Остапенко, ланска победничка на Ролан Гарос по поразот од Анет Контавеит од Естонија
Швајцарската тенисерка ја порази ветеранката од САД со 6:3, 7:5. Покрај повозрасната од сестрите Вилијамс, преку воведното коло на првиот сезонски гренслем не минаа уште осум американски претставници
Шпанскиот тенисер ја тужеше и ја доби Розалин Башело за клевета дека користел допинг во текот на кариерата. Таа го загуби процесот и ќе мора да плати 12.000 евра отштета на моментно водечкиот на АТП ранг листата
Шпанскиот тенисер ја обнови повредата на десното колено на Мастерсот во Париз. Болките во меѓувреме не престанаа што резултира со втор негов отказ на голем турнир во низа и покрај напорите во меѓувреме за санација на проблемот. На негово место во групата А е уфрлен Пабло Карено Буста
И покрај десетте триумфи на Ролан Гарос, сепак, сè уште има ликови во француската престолнина кои не го препозаваат шпанскиот тенисер
Првиот македонски тениски рекет е на 260 позиција (201 бод) во поединечна конкуренција и на 266. во двојки (258 бода). Шпанецот, речиси сто отсто, ќе заврши како најдобар светски тенисер за 2017 година, откако Роџер Федерер реши да се повлече од Мастерсот во Париз, па сега му е потребна само една победа во француската престолнина за потврда на лидерската позиција на крајот на сезоната
Швајцарецот во финалето беше убедлив против големиот ривал Рафаел Надал и славеше со 6:4, 6:3 со што ја прекина низата од 16 победи на Шпанецот и се израмни на вечната листа со легендарниот Иван Лендл
Шпанецот во полуфиналето славеше против Марин Чилиќ со 7:5, 7:6 во меч што траеше два часа и 12 минути за 16 победа во низа на АТП турот. За титула ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро
Шпанскиот ас, моментно водечки на АТП листата, за 63 минути го „реши“ Фабио Фоњини со 6:3, 6:1 за 14 триумф во низа и нареден дуел против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот, пак, остана 60 минути на централниот терен во Шангај колку што му требаа за елиминација на Александар Долгополов од Украина со 6:4, 6:2
Шпанскиот тенисер во финалето го порази Кевин Андерсон со 6:3, 6:3, 6:4 за трета титула на Ју-Ес, вкупно 16. на гренслем турнирите во неговата кариерата, но и убедливо водство на најновата АТП ранг листа