Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Ракомет (м)
Мечот е од 14 часот, желбите во таборот се осигурување на победата уште во првиот дел што ќе значи и минутажа за помладите и дебитантите во продолжението, но и чување на силите за утрешната пресметка со Хрватска, првата од трите сериозни за националниот тим за прогрес во главната фаза на турнирот
Северниот сосед беше рамноправен партнер на теренот во првата третина од средбата по што актуелниот светски првак ги презеде нештата во свои раце и на крајот славеше со 32:21 за втора победа на турнирот во Германија и во Данска
Панцирите“ славеа со 34:21 во натпревар во кој сите играчи во ростерот на Прокоп се запишаа како стрелци освен голманското трио Волф, Хајневетер и Земпер. Ги предводеше Уве Геншајмер со 10 гола кој очекувано го доби признанието МВП. Норвешка ја прегази Саудиска Арабија со 40:21
Претставникот на Јужна Америка, кој важи за тотален аутсајдер на турнирот, приреди чудо со убедливиот триумф над Австрија со 32:24 во групата Ц, Русија ја порази Кореја во групата А со 34:27
Третиот натпреварувачки ден на Светското ракометно првенство за мажи ќе нуди шест дуели од второто коло во групите А и…
„Црвено-жолтите“ во премиерата и против Бахреин ќе играат во време на ручек (15.30 ч. и 14 ч.), против Хрватска и против Исланд во терминот од 18 часот, а против Шпанија во 20.30 ч. Сите мечеви во групата Б ќе бидат во „Олимпија Хале“ во Минхен. Мундијалот во Германија и во Данска ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 28 јануари
Грција ја совлада машката репрезентација на Македонија со 28:26 во второто коло од квалификациите за ЕП 2020. За капитенот Кире Лазаров ова е жешка шлаканица и предупредување до сите, особено што во јануари „црвено-жолтите“ ги чека настап на СП во Германија
Македонската машка репрезентација, по пауза од 13 години, имаше победнички кам-бек во Битола каде славеше над турскиот национален тим со 31:27 во првиот меч од групата 3 за завршниот турнир во Шведска, во Австрија и во Норвешка по две години. Во недела (17 ч.) во Кожани, „црвено-жолтите“ на гости кај репрезентацијата на јужниот сосед
Во стручниот штаб на Лино Червар се вклучени Пепи Манасков и Александар Јовиќ, со голманите ќе работи и Петар Мисовски, за физичката подготовка се задолжени Кристијан Кајчевски и Иван Теосављевиќ. СП 2017 во Франција е од 11 до 29 јануари. Македонија е во групата Б во Мец со селекциите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд