Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раул Гонзалез по ракометниот срам во Кожани: Катастрофа во два правца

0
By Нова ТВ on October 28, 2018 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 28, 2018 20:26

Мечевите против Турција и Грција во квалификациите за ракометното ЕП 2020 требаше да подигнат верба и самодоверба. Но, наместо тоа донесоа мисли и дилеми со каква репрезентативна иднина се соочува Македонија. По неубедливата игра што резултира со победа над Турција во Битола со 31:27 се случи фијаско во Кожани. Грција триумфира со 28:26 (полувреме 12:13) против северниот сосед кој на хартија, според традицијата и според обложувалниците важеше за апсолутен фаворит. Не дека циклусот е загубен, далеку од такво нешто, меѓутоа легитимно е прашањето дали до јануари (СП 2019 во Германија) ќе се испари „водата“ што, се чини, е навлезена до „средното уво“ кај ракометарите.

„Очигледно никој не ме сфатил сериозно по мечот во Битола. Грешките од дуелот со Турција се повторија и против Грција што резултира со срамен пораз. Ова е жешка шлаканица и предупредување за сите нас. Ништо не е загубено, но доживеавме силен удар и заслужуваме секаква критика“, рече капитенот Кире Лазаров по срамниот пораз од грчката селекција.

Македонија одигра криминално лошо со Грција во секој сегмент од ракометната игра. Го признава тоа и Раул Гонзалез кој изрази незадоволство од играта во двата правца и од неспроведувањето на договорот на дел. Истакна дека алиби нема и не треба да се бара во ништо и зад никого. Точно е, вели, дека Македонија во овие два меча беше без Филип Миркуловски, но неговото отсуство не смее да биде параван за бледиот настап со Турција ниту за денешниот пораз.

„Катастрофа. Што да кажам иако почетокот не беше таков. Но, само почетокот. Одигравме лошо и во одбрана и во напад и денеска и во четвртокот во Битола. И ние, и навивачите и вие новинарите помислувавме со колку разлика ќе триумфираме во двата меча меѓутоа не беше така лесно. Грците ни покажаа дека ракомет денеска играат сите“, рече селекторот по еден од најтешките порази во историјата на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Исланд е со максимален ефект во третата квалификациска група по денешната победа над Турција со 33:22. Токму Исланѓаните се противници на Македонија во мечевите од третото коло што се закажани на 10 април догодина.

Грција Квалификации за ЕП 2020 Кире Лазаров Македонија Ракомет (м) Раул Гонзалез репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.