Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Ракомет У21
Избраниците на Илија Темелковски загубија од Унгарија со 22:26 во натпревар за петтото место на мундијалот во Алжир. За „црвено-жолтите“ ова беше второ учество на планетарните собири што го завршија со пет победи и четири порази
По триумфот во групната фаза со 29:22, „црвено-жолтите“ беа подобри од „зборнаја“ со 36:27 во мечот од разигрувањето за пласман од петтото до осмото место на шампионатот. Ривал во последниот настап ќе биде победникот од дуелот меѓу Тунис и Унгарија
„Триколорите“ притоа без проблеми се пробија до мечевите за распределба на медалите по убедливите 33:17 против „црвено-жолтите“ во четврт-финалето на СП во Алжир. Утрешниот е слободен ден за составот на Илија Темелковски кој во сабота ќе разигрува со Данска или Русија за пласман на мундијалот
Македонската млада репрезентација вечерва (21,45 ч.) на мегдан со домашната селекција во осминафиналето на мундијалот во Алжир
По Тунис, подобра од „црвено-жолтите“ беше и Шпанија која славеше со убедливи 36:25 во рамки на четвртото коло во групата Ц што за „фуријата“ значи „бетонирање“ на лидерската позиција на табелата, а за составот на Илија Темелковски насочување на дуел со јужноамериканскиот претставник за осминафинале
Избраниците на Илија Темелковски во целост ја оправдаа фаворитската улога и на крајот славеа со 48:20 во меч од второто коло во групата Ц по кое се и лидери на табелата. Утре (петок) „црвено-жолтите“ на мегдан со Тунис од 19 часот
„Црвено-жолтите“ во рамки на групата Ц ја совладаа младата „зборнаја“ со 29:22. Најефикасен беше Арсеновски со седум гола, Кузмановски постигна шест, Јагуриноски пет, а Талески четири. Одличен беше и голманот Томовски кој забележа 11 интервенции. Нареден ривал е селекцијата на Буркина Фасо во четврток од 21 часот
Младинците на Илија Темелковски одиграа 21:21 во меч од второто коло во квалификациите за СП 2017. Имаа 21:19 и прилика за плус 3, но не реализираа три напади, па казната стигна. Утре (14.30 ч.) против Турција во последното трето коло
Младата ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Полска со 30:22 во првиот меч на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на СП 2017. Мице Шилегов најефикасен со 11 гола, Талески постигна пет