Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ракомет
Првиот меч е закажан на 23 март во Загреб, реваншот е седум дена подоцна во СЦ „Јане Сандански“. Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк
На кормилото на националниот тим доаѓа на место на Раул Гонзалез и до јуни ќе биде на уште две работни места – предводник на кадетската селекција и на екипата на Металург
Вардарци го елиминираа актуелниот освојувач на ЛШ по триумфот со 33:27 во последниот меч од групната фаза и завршија на третото место на табелата во А конкуренцијата со оглед дека и Веспрем го победи Кјелце во Полска со 36:35. Во осминафиналето ќе играат со ППД Загреб или со Мотор Запорожје во зависност од конечниот расплет во групата Б
„Црвено-црните“ го совладаа шведскиот претставник со 32:30 (полувреме 16:17) и барем на 24 часа ќе бидат втори на табелата во групата А
Мечот вo Шведска е попладнево од 19 часот и во случај на победа „црвено-црните“ ќе останат на третото место на табелата и ќе задржат шанси на крајот да бидат и втори за што, сепак, се прашува и Веспрем
Трката за селектор на машката ракометна репрезентација почнува денеска и ќе трае во наредните пет дена. Ракометната федерација на Македонија…
Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Веспрем со 27:29 во дербито во групата А и мечот на неделата на ЕХФ и паднаа на третото место на табелата во пресрет на последните две кола
Порака со навредлива содржина беше упатена кон тренерот на полската екипа, Кјелце за време на мечот во Лигата на шампиони во СЦ „Јане Сандански“ минатиот месец
„Триколорите“ кои се бранители на тронот во воведниот меч го поразија Бразил со 24:22, „коцкестите“ го добија Исланд со 31:27 додека српскиот национален тим одигра 30:30 против Русија иако двата тима имаа свои шанси за победа
Пикерот на Вардар и на македонската репрезентација изрази задоволство од триумфот над Јапонија за пробивање на психолошката бариера и за многу покомотно дочекување на наредниот предизвик наречен Бахреин. Мечот со вториот азиски претставник во групата е во недела од 14 часот
„Црвено-жолтите“ го положија првиот од двата азиски теста во групата Б во Минхен и славеа со 38:29 (полувреме 18:13). Кире Лазаров со осум гола беше најефикасен во понедничкиот состав, по седум додадоа Стоилов и Манасков. Стоилов, патем, беше прогласен за МВП на натпреварот. Утре е слободен ден за избраниците на Раул Гонзалез кои во недела (14 ч.) ги очекува меч со Бахреин
Увертирата на „црвено-жолтите“ во групата Б е од 15.30 часот во Минхен. Во шестата мундијалска авантура „црвено-жолтите“ влегуваат со шести селектор (Раул Гонзалез) по претходните искуства со Драган Нишевиќ (1999 година), Илија Темелковски (2009 година), Звонко Шундовски (2013 година), Ивица Обрван (2015 година) и Лино Червар (20176 година)