Browsing: ракомет

Плус осум ќе понесе европскиот првак од 2017 година на реваншот во Унгарија во четврт-финалето во Лигата на шампиони по убедливите 31:23 (полувреме 14:12) во последниот настап на актуелниот состав на „црвено-црните“ вечерва во СЦ „Јане Сандански“

Каталонците триумфираа против Нант на Кире Лазаров со 32:25 и, речиси, се сигурни учесници на Фајналфор пресметките во „Ланксес арена“ во Келн на 1 и на 2 јуни. Веспрем, пак, славеше на мегданот на Фленсбург со 28:22

Конечни 24:24 (полувреме 10:11) во квалификацискиот реванш за пласман на ракометното Европско првенство во 2020 година. Исходот од салата „Борис Трајковски“ оди во прилог на двете селекции во потерата на завршниот турнир во Норвешка, Австрија и Шведска

Хрватска ремизира на гостувањето против Србија во квалификациите за ракометното ЕП 2020. Во тоа успеа во последниот напад за конечни 25:25 во „Штарк арена“ во Белград, но и да остане осамена на врвот на табелата во групата 2

Дуелот во Рејкјавик, за кој отпаднаа Мартин Томовски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков и Димитар Димитриоски, е во среда со почеток во 21:45 часот. Македонската ракометна репрезентација е со половичен ефект по две кола во квалификациите за ЕП 2020 – триумф над Турција (31:27) и пораз од Грција (26:28)

Покрај летонскиот џин кој воедно е најдобар десен бек, во идеалниот тим на завршниот турнир влегоа и Дејан Милосављев (голман), Тимур Дибиров (лево крило) и Стојанче Стоилов (пивот)

По двете победи во осминафиналето во Лигата на шампиони (27:18 и 32:30), „црвено-црните“ подобри од ППД Загреб и на неутрален терен, во Брест, Белорусија, со 26:23 за петта победа во регионалното ракометно натпреварување што ја засени тешкиот пад и повреда на германскиот интернационалец во ростерот на Гарсија Парондо. Во меч за третото место, Мешков Брест го совлада Нексе со 24:19