Browsing: репрезентација

Поранешниот тренер на Селта, на Барселона и на Рома го презема кормилото по турбулентниот период на националниот тим. На ден до почетокот на СП во Русија отказ му беше враќен на Хулен Лопетеги поради тајните преговори со Реал Мадрид, а по раната елиминација на мундијалот, оставка поднесе и Фернандо Јеро кој беше поставен како привремено решение

„Црвено-жолтите“ славеа во првиот меч од баражот со 32:24 за, без малку, формален реванш во среда во Клуж. Кире Лазаров беше најефикасен со осум гола, Дејан Манасков додаде шест, одличен на голот беше Борко Ристовски со 15 одбрани. Прв стрелец во поразената селекција беше Ракотеа со пет погодоци

Бразилскиот селектор, но и тамошната јавност, е во очекување дека напаѓачот на „светците“ ќе успее да се рехабилитира до почетокот на турнирот по скршеницата на метатарзалната коска на стопалото што ја здоби во мечот во рамки на француската Лига 1 против Олимпик Марсеј во февруари

На кормилото на „азурите“ ќе биде во наредните две години со задача да ги врати на старите славни патеки. Опции за неговото работно место беа и Карло Анчелоти, Антонио Конте и Луиџи ди Бјаџо. На клупата ќе дебитира во претстојните пријателски мечеви против Саудиска Арабија на 28 мај, против Франција на 1 јуни и три дена подоцна против Холандија 

„Црвено-жолтите“ притоа се нотирани како национален тим со најголем напредок во изминатите 12 месеци по падот на 162 позиција лани во декември што значи скок за 86 скалила. Во топ 10 без никакви промени. Лидер е Германија (1.602 бода) пред Бразил (1.483) и Португалија (1.358)

Селекторот Јорданчо Давитков ја собра кошаркарската репрезентација за мисијата ЕП 2021, но поради очајните настапи во изминатите две години ќе мора да мине трнлив пат за место на завршниот турнир. „Црвено-жолтите“ овојпат почнуваат од претквалификациите во кои за ривали во групата ги имаат Словачка и Швајцарија. Првиот настап е веќе во недела (18 ч.) во Попрад против Словаците, три дена подоцна националниот тим ќе биде домаќин на Швајцарците. На првиот собир се појавија 15 играчи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија повика 21 играч за претстојниот пријателски меч со Норвешка во Скопје на 11 ноември. Меѓу нив и Стефан Ристовски кој одигра одлични 90 минути за Спортинг Лисабон против Јувентус во Лигата на шампиони и вардарците Висар Муслиу и Дарко Велковски кои се враќаат во тренажен процес по здобиените повреди

Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37. Веќе во понеделник ќе следува гостување во Португалија кај селекцијата на Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019