Browsing: Рома

Дуелот на „Рамон Санчез Пискуан“ е единствен што заврши без голови во првиот круг осминафинални судири во елитното натпреварување на УЕФА, украинскиот состав со два гола во вториот дел ја совлада „волчицата“ со 2:1

„„Старата дама“ го совлада Калјари на Сардинија со 1:0 во последниот меч од 20. коло, нејзиниот менаџер пак, го запиша 200. триумф во конкуренцијата и 100. на клупата на италијанскиот шампион, но мораше предвреме да ги менува повредените Паоло Дибала и Сами Кедира

Диего Пероти обезбеди предност за „волчицата“ во 49 минута од пенал, а само четири минути подоцна му асистира на Раџа Најнголан за 2:0. Единствениот гол за „небесно-сините“ беше дело на Чиро Имобиле од белата точка во 72 минута

„Волчицата“ го декласира англискиот шампион на „Олимпико“ со 3:0 и направи голем исчекор кон осминафиналето во Лигата на шампиони. Двоен стрелец за домашните беше Стефан ел Шарави, печат на големиот триумф стави Пероти. ПСЖ и Баерн Минхен обезбедија место меѓу најдобрите 16 во елитното натпреварување на две кола до крај на групната фаза

Пресметката меѓу Рома и лондонските „сини“ пред две недели на „Стемфорд бриџ“ заврши без победник (3:3). Коларов се враќа во тимот на Ди Франческо по поштедата што Србинот ја доби за дуелот со Болоња во Серија А во саботата, Конте, пак, во Рим ќе може да смета на Канте и на Дринквотер. Англискиот шампион со триумф вечерва ќе биде сигурен осминафиналист,

„Росонерите“ и „нероазурите“ забележаа победи со 3:0 против Кротоне, односно, Фиорентина, римјаните со 1:0 ја поразија Аталанта во Бергамо во воведното коло од новата сезона во фудбалскиот шампионат во Италија

Српскиот фудбалски репрезентативец во наредните три сезони ќе настапува во дресот на „волчицата“, откако нејзината управа и Манчестер сити постигнаа договор за трансферот, пренесува „Скај Италија“. Римјаните ќе платат, речиси, пет милиони евра за обесштетување на „граѓаните“

Капитенот на „волчицата“ имаше спектакуларна разделба со клубот и навивачите. Од претседателот Џејмс Палота доби врамен дрес со златна бројка 10 на грбот, наследникот со капитенската лента Даниеле де Роси му подари сувенир со изгравирани потписи на сите клупски колеги, а од публиката овации, аплаузи, песна и скандирање на неговото име што вечно ќе ги памети

Дебито за сениорскиот тим го забележа во сезоната 1992/93 во мандат на Вујадин Бошков на клупата. Заигра како 16 годишно момче во триумфот на Рома на гостувањето кај Бреша со 2:0. Првенецот, пак, го постигна во ремито (1:1) против Фоџа во 1994 година. Во изминатите 25 сезони настапи во 785 натпревари во кои прослави 307 погодоци