Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Манчестер Ј. се извлече во Севилја, пресврт на Шахтјор

0
By Нова ТВ on February 22, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 22, 2018 00:27

Шахтјор ја совлада Рома со пресврт во второто полувреме, а Севилја и Манчестер јунајтед завршија со почетниот резултат во вечерашните дуели во Лигата на шампиони со кои е заокружен првиот дел од осминафиналната фаза.

Украинскиот состав ќе патува на реванш во Рим со гол предност, откако славеше над Рома со 2:1 на стадионот во Харков. Ченгиз Ундер погоди за водство на „волчицата“ во финишот на првото полувреме што беше петта негова реализација во последните шест настапи во кои запиша и една асистенција. Но, калчолигашот не издржа до крај.

Второто полувреме мина во знак на Шахтјор чии играчи, набрзо по враќање од соблекувална, успеаја да ја анулираат негативата. Израмнувачкиот гол беше дело на Фереира во 52. минута по одлично додавање од дефанзивецот Ракитски од преку 50 метри, а неколку напади подоцна Аргентинецот можеше и по вторпат да го матира Алисон. Но, бразилскиот чувар на мрежата на римјаните со извонредна реакција спречи нова радост на противничките фудбалери.

Алисон, сепак, беше немоќен при прекинот во 71 минута. Шахтјор доби слободен удар во опасната зона што во прекрасен погодок го претвори Фред за 2:1, резултат што остана актуелен до последното огласување на главниот судија Вилијам Колум од Шкотска.

Севилја и Манчестер јунајтед одиграа 0:0 на „Рамон Санчез Пискуан“, а позадоволни од конечниот епилог може да бидат гостите од Англија. Давид де Хеа неколкупати ги спасуваше „црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо кои упатија само четири удари кон целта наспроти 25. на домашните од кои осум одеа во рамки на голот. Муриел при крај на првото полувреме и Ленгле во 63. минута ги имаа најзрелите прилики за водство на шпанскиот претставник, но голманот на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ беше непремостлива пречка.

Мурињо го почна натпреварот во помалку изненадувачки состав, без Лингард, Погба, Рашфорд и Марсијал. Последните тројца, сепак, добија шанса во продолжението, но без влијание врз крајниот резултат кој е единствен без голови во првиот круг осминафинални судири во шампионската Лига на УЕФА.

Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Севилја – Манчестер јунајтед 0:0

Шахтјор Доњецк – Рома 2:1

Челзи – Барселона 1:1

Баерн Минхен – Бешикташ 5:0

Реал Мадрид – ПСЖ 3:1

Порто – Ливерпул 0:5

Јувентус – Тотенхем 2:2

Базел – Манчестер сити 0:4

Лига на шампиони Манчестер Јунајтед Рома Севилја фудбал Шахтјор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.