Browsing: СДСМ

Премиерот Зоран Заев беше на Мечкин Камен во Крушево, претседателот Стево Пендаровски за првпат организира чествување на празникот пред вилата на Водно, претседателот на Собранието, Талат Џафери се огласи од Пелинце, а опозициската ВМРО ДПМНЕ предводена од лидерот Христијан Мицкоски и оваа година за 2 август беше во струшкото село Ташмаруништа

Централниот одбор на СДСМ вечерва ги разреши Александар Кирацовски (генерален секретар), Миле Зечевиќ (организациски секретар), Дане Талевски (меѓународен секретар), Цветанка Ласкова (координатор на Форумот на жени) и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири. За нов генерален секретар е избран Љупчо Николовски кој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Освен Кирацовски, разрешени се и Миле Зечевиќ од организациски секретар и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Закири и Благој Бочварски

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) апелира до најголемата опозициска партија да продолжи со учество во работните групи при Министерството за правда во врска со Законот за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО)