Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Пред средината на февруари ќе нема коалициски договори и спогодби

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2019 15:57

Премиерот Зоран Заев изјави дека на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ в петок ќе се разговара за сите политички прашања, ќе се направи рекапитулар на годината, ќе се разгледаат и односите со сите во коалицијата, потенцирајќи дека таа донела големи одлуки за државата. Пред средината на февруари следната година, како што вели, нема да се прават договори за заеднички настап на предвремените парламентарни избори што се закажани за 12 април.

„В петок ќе имаме Извршен и Централен одбор на кои ќе ги разгледаме сите политички прашања и ќе направиме рекапитулар на годината. Коалициски договори, спогодби или договори за заеднички настап пред изборите од било каков карактер не верувам дека ќе се прават пред средината на февруари поради тоа што кандидатските листи, според роковникот, ако не се лажам се поднесуваат некаде до 12 март. Имајќи го тоа во предвид ќе ги искористиме сите можности што ни се на располагање за подобро да се позиционираме пред граѓаните во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори“, изјави Заев.

Прашан дали во партијата е отворена темата за коалицијата со ДУИ, премиерот рече дека ќе ги разгледаат односите со сите и посочи дека и јавно ги коментираат таквите односи, кога, како што вели, ни се случуваат некои непријатни чувства.

„Оваа владина коалиција ги донесе големите одлуки за државата. Довербата е голема и верувам дека сето тоа коалицијата на чело со СДСМ ја прави извесно победничка опција која што ќе ги почитува гласовите на сите граѓани, рече Заев.

Зоран Заев ќе се повлече од функцијата премиер во Владата на 3 јануари согласно договорот за техничка Влада на 100 дена пред избори.

договори Зоран Заев ИО Коалиции СДСМ Спогодби ЦО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.